Факти за Ајлин, последната жртва на измамникот од Тиндер, која на крај успеа да го измами и стана модерен херој

Со неа било најтешко да се стапи во контакт и воопшто не сакала јавно да говори за приказната со измамникот од Тиндер. Како Ајлин Шарлоте, девојката што го измами измамникот стана модерен херој?

ne-sakala-javno-da-govori-za-sajmon-zatoa-shto-se-sramela-fakti-za-zhenata-shto-go-izmami-izmamnikot-od-tinder-01.jpg

Иако филмот The Tinder Swindler немаше класичен среќен крај, сепак оние што го погледнаа имаа прилика да се запознаат со Холанѓанката Ајлин Шарлоте (27), девојката што на крајот успеа да го измами измамникот Шимон Хајут (Сајмон Левиев) и си врати барем еден минимален дел од парите.

ne-sakala-javno-da-govori-za-sajmon-zatoa-shto-se-sramela-fakti-za-zhenata-shto-go-izmami-izmamnikot-od-tinder-02.jpg

Додека првата девојка во филмот Сесилија Фјелхорн често е мета на критики заради лековерноста и наивноста и јавноста ја осуди дека „го добила тоа што го барала“ затоа што барала богат маж на Тиндер, Ајлин на некој начин стана ѕвезда затоа што успеа да го измами Сајмон и да им помогне на властите да го сместат зад решетки.

Во продолжение проследете што знаеме за девојката што го измами измамникот:

Режисерката на филмот Фелисити Морис откри дека од сите девојки што учествуваа во филмот најтешко било да ја натераат Ајлин да застане пред камера и да ја раскаже сопствената приказна:

„Таа се чувствуваше толку беспомошно за време на снимањето. Таа навистина се двоумеше дали воопшто да говори со нас и се срамеше од тоа што ѝ се случило“ – вели таа и додава дека прво Ајлин сакала изјавата да ја даде анонимно, а потоа се одлучила да застане јавно пред камера и да проговори.

Во филмот Ајлин открива дека била во врска со Сајмон 14 месеци и дека му позајмила околу 140.000 долари. Таа за измамата дознала откако холандскиот весник VG ја објавил приказната на Сесилија.

ne-sakala-javno-da-govori-za-sajmon-zatoa-shto-se-sramela-fakti-za-zhenata-shto-go-izmami-izmamnikot-od-tinder-04.jpg

Откако стапила во контакт и со другите девојки од интервјуто (Сесилија Фјелхорн и Пернила Сјохорн) таа одлучила да им помогне, но пред тоа сакала да си врати дел од парите. Одлучила да продолжи да ја игра играта на Сајмон и да му каже дека му верува.

ne-sakala-javno-da-govori-za-sajmon-zatoa-shto-se-sramela-fakti-za-zhenata-shto-go-izmami-izmamnikot-od-tinder-03.jpg.jpg

Кога тој од неа побарал да ги продаде автомобилот и станот за да му даде пари, таа му предложила да земе дел од неговата дизајнерска облека и да ја распродаде, па така да му обезбеди пари. Таа наполнила три куфери со неговата облека, која ја распродала на интернет и заработила околу 10.000 долари.

„Секако тоа не беше еднакво со она што јас му го дадов, но се почувствував дека успеав барем малку да му вратам за тоа што ми го направи“ – вели таа.

ne-sakala-javno-da-govori-za-sajmon-zatoa-shto-se-sramela-fakti-za-zhenata-shto-go-izmami-izmamnikot-od-tinder-05.jpg

По појавувањето во филмот The Tinder Swindler Ајлин реши колку е можно повеќе да се повлече и да живее подалеку од очите на јавноста, но на нејзиниот Инстаграм профил сподели фотографија со која покажа дека зачувала мал сувенир од Сајмон.

„Да ова се неговите очила“ – напиша таа до фотографијата.

Заедно со другите жртви на Сајмон и таа има отворено страница за собирање донации на GoFundMe, каде досега се собрани над 155.000 долари.

Ајлин стана вистински херој на социјалните мрежи, а голем број од оние што го погледнале филмот за нeа имаат само пофални зборови.

„Ајлин, ти успеа да го измамиш измамникот и да го направиш бездомник“, „Измамникот играше ’дама‘, а таа играше шах“ – се некои од коментарите на социјалните мрежи.

Прочитајте и Факти за Сесилија, жртвата на измамникот од Тиндер, која уште ги отплаќа долговите

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
„Зависна сум од солариум – ми се појавија чудни израстоци на кожата, но сепак одам секој ден“ Млада Британка за себе вели дека е зависна од солариум и оди секој ден по 30 мин...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
„Живеам од социјална помош бидејќи ми е стресно да работам – си купив куќа и ги зголемив градите, не... Жена од Англија 23 години живее од социјална помош бидејќи, како што вели, полес...

Најчитани неделава