Која е првата дама на Украина - најголемата поддршка на претседателот на оваа држава во најтешките денови? (фото)

Претседателот на Украина и прекрасната Олена Зеленска се во брак од 2003 година, имаат две деца, а тој не штеди на убави зборови и романтика кога станува збор за неговата сакана. Сега, кога Украина ги живее најтешките денови, таа му е најголемата поддршка на сопругот, но и на целиот народ преку пораки за смирување. Која е Олена Зеленска?

prvata-dama-na-ukraina-olena-zelenska-kje-bidam-vednash-do-mojot-soprug-gorda-sum-na-vas-ukrainci-01.jpg

Олена Зеленска (44) е архитект, писател и прва дама на Украина. Нејзин сопруг е претседателот на Украина Володимир Зеленски (44).

Во декември 2019-та година Зеленска се најде и на листата на 100 најмоќни Украинци, на магазинот Focus.

Постојано е активна со разни иницијативи за подобрување на животот во Украина, а позната е и како дама со префинет моден стил.

prvata-dama-na-ukraina-olena-zelenska-kje-bidam-vednash-do-mojot-soprug-gorda-sum-na-vas-ukrainci-02.jpg

Вчера (24.02) таа на својот Инстаграм профил напиша емотивна објава за охрабрување на Украинците, кои периодов ги живеат најтешките денови, поради нападот од Русија.

Објавата на првата дама на Украина:

„Мои драги луѓе! Украинци! Ве гледам сите денес. На телевизија, на улиците, на интернет. Ги гледам вашите објави и видеа. И знаете што? Вие сте неверојатни.

Горда сум што живеам во иста земја со вас. Велат дека многу луѓе е толпа. Но, тоа не важи за нас. Затоа што многу Украинци не се толпа. Тие се армија!

И денес нема да бидам испаничена и во солзи. Ќе бидам смирена и самоуверена. Моите деца гледаат во мене. Ќе бидам веднаш до нив. Ќе бидам веднаш до мојот сопруг. И до вас.

Ве сакам! Ја сакам Украина!“

Олена и Володимир Зеленски се состанувале 8 години пред да се венчаат во 2003 година. Парот има две деца, во 2004 година им се родила ќерката, а во 2013 синот.

На 6-ти февруари претседателот на Украина ја покажа својата романтична страна и по повод роденденот на неговата сакана објави фотографија од неа и во описот напиша: „На мојата љубов денес ѝ е роденден“ и дополни со низа зборови полни емоции за неа, за тоа колку ја сака, какво разбирање имаат еден за друг и како не може да си го замисли животот без неа.

Емотивни семејни фотографии од Инстаграм профилот на претседателот на Украина на следната страна....



Би можело да ве интересира:

Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
Абортирала поради него, ја терал да спие со Ерос Рамацоти за да направи еротски фотки - Бурната љубо... Поранешниот сопруг, познат и како „крал на папараците“ во Италија, продавал нејз...
Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она... Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...
Зошто бившиот сопруг сè уште ја посетува Андреа Јејтс, 25 години откако таа ги удави нивните 5 деца ... На 20 јуни 2001 година, домаќинката Андреа повикала полиција и признала пред пол...
Градска девојка пронајде среќа во животот на село - живее на фарма со сопругот, се породи со 9-тото ... Некогаш балерина и мисица, денес жена што меси леб, молзи крави и е посветена ма...

Најчитани неделава