„Работев напорно да ослабам, сега не сакам ниту да помислам да забременам и да добијам стрии“

„Самата помисла дека ќе добијам стрии и дека ќе се здебелам ме одвраќа од намерата да добијам деца. Исто така, приоритет ми е да се забавувам“ – тврди оваа млада жена од Англија која откако успеа да ослаби речиси 52kg, стана Мис Велика Британија.

zhena-oslabe-52-kg-i-stana-mis-britanija-pa-izjavi-ne-sakam-deca-kje-mi-go-unishtat-teloto-i-nema-da-mozham-da-se-zabavuvam-01.jpg

Џен Аиткин (30) од Гримзби (Англија) во 2020-та година ја доби титулата Мис на Велика Британија откако претходно успеа да ослаби 50-тина килограми и од тежина од речиси 115kg стигна до тежина од 63kg.

zhena-oslabe-52-kg-i-stana-mis-britanija-pa-izjavi-ne-sakam-deca-kje-mi-go-unishtat-teloto-i-nema-da-mozham-da-se-zabavuvam-02.jpg

Таа тврдеше дека во 20-тите години од нејзиниот живот постојано била со прекумерна тежина и се чувствувала ужасно сè додека не почнала да држи диета во 2016-та година, а во 2020-та успеала да стане Мис на Велика Британија.

zhena-oslabe-52-kg-i-stana-mis-britanija-pa-izjavi-ne-sakam-deca-kje-mi-go-unishtat-teloto-i-nema-da-mozham-da-se-zabavuvam-03.jpg

Вистинската причина што ја навела да почне да слабее и да води поздрав живот било тоа што нејзиниот свршеник ја оставил затоа што била со прекумерна тежина.

zhena-oslabe-52-kg-i-stana-mis-britanija-pa-izjavi-ne-sakam-deca-kje-mi-go-unishtat-teloto-i-nema-da-mozham-da-se-zabavuvam-04.jpg

Благодарение на здравиот начин на живот, спортувањето и здравата исхрана Џен успеала да ослаби 52 килограми.

По напорната работа за да го доведе сопственото тело во совршена линија, таа вели дека нема намера наскоро да има деца затоа што не сака да го уништи сопствениот труд.

„Самата помисла дека ќе добијам стрии и дека ќе се здебелам ме одвраќа од намерата да добијам деца. Исто така, приоритет ми е да се забавувам. Сакам да излегувам секој викенд, а да имав деца немаше да имам доволно пари за дадилки“ – вели таа.

Џен понатаму тврди дека сака деца, но не сака да ги има во блиска иднина. Наместо тоа, опседната е со избори за убавина, патувања.

„Не сметам дека сум себична затоа што сакам да чекам. Ја градам сопствената самодоверба за да можам да станам одлична мајка. Ова е мојот живот и јас сакам да планирам кога ќе останам бремена“ – вели таа.

Голем број од оние што ја прочитаа нејзината приказна застанаа во нејзина одбрана и рекоа дека тоа е нејзин живот и таа има право да одлучи кога ќе стане мајка. Други пак, не ги криеја негативните коментари и критики за неа.

„Можеш да добиеш стрии и без да останеш бремена“, „Сега сигурно немаш стрии по толку загубени килограми“, „Откако си го среди телото – поработи малку на сопствената личност“.

Ова се само некои од коментарите што оваа жена ги доби на социјалните мрежи, откако нејзината приказна беше објавена на Фејсбук страната на порталот The Sun.

Повеќе нејзини фотографии на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Бебе се роди во авион среде лет кон Брисел: „Со жена ми бевме на тој лет – секоја чест за тимот“ „Беше посебен момент кога екипажот рече – имаме нов патник на летот“ - Кратко по...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
Бизарниот „харем од мајки“ на Илон Маск: Им нудел милиони долари на жени за да му раѓаат деца, памет... Според последната жена која излезе со тврдење дека родила дете од Илон Маск, мил...
„Бев шпион и спиев со мажи за да изнудам информации од нив – среќна сум што побегнав од тој живот“ „Кога ги гледав другите жени шпиони на возраст од 50-тина години, беа мизерни и ...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg