Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Ме критикуваат заради вишокот килограми – мојата свршеница ја нарекуваат луда што сака да се омажи за мене“

„Таа мора да е луда ако се омажи за тебе. Да, таа е луда и јас сум полуд“. Вака одговара на еден од негативните коментари британскиот актер Џорџ Локвуд кој постојано е мета на критики заради прекумерната тежина, но и згодната свршеница, а вели дека изгледот не е поврзан со љубовта.

velat-deka-mojata-zgodna-svrshenica-e-luda-ako-se-omazhi-za-mene-ne-razbiraat-deka-taa-me-saka-takov-kakov-shto-sum-01.jpg

Британскиот актер Џорџ Кивуд (27) се жали дека постојано добива погрдни коментари на социјалните мрежи, заради содржините што ги објавува со неговата партнерка. Како што вели, на луѓето не им пречат видеата, туку многу повеќе се сконцентрирани на неговиот изглед.

Џорџ кој игра во британската серија People Just Do Nothing е со прекумерна тежина, а редовно објавува видеа на социјалните мрежи заедно со неговата свршеница Сиена Кера која има совршена фигура.

Џорџ и Сиена на ТикТок објавуваат видеа од секојдневниот живот, а во некои од објавите им одговараат на оние следбеници кои им упатуваат негативни критики полни со говор на омраза.

„Таа мора да е луда да се омажи за тебе“, „Сигурно си богат и затоа е со тебе“, „Издржи сестро, за брзо ќе ги добиеш парите од животното осигурување“, „За брзо време ќе му откаже срцето“... - ова се само некои од негативните критики што парот ги добива од некои од нивните следбеници.

Инаку, Сиена и Џорџ заедно го имаат синот Оливер, а треба да стапат во брак во мај годинава.

Сиена во една прилика појасни дека отсекогаш ѝ се допаѓале поголеми мажи и дека таа одлучила да се пресели од Австралија во Англија за да биде со него.

@georgekeywood Reply to @lo.ving.it ♬ original sound - GeorgeKeywood

Јасно е дека нивните видеа се редовно проследени со негативни коментари, од кои Џорџ црпи инспирација за нови креативни одговори, а во една прилика одговори дека нема намера да се откаже од ТикТок затоа што таму заработува пари.

Погледнете повеќе фотографии од Џорџ и Сиена во продолжение:

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
Бизарниот „харем од мајки“ на Илон Маск: Им нудел милиони долари на жени за да му раѓаат деца, памет... Според последната жена која излезе со тврдење дека родила дете од Илон Маск, мил...
Наставник бил фатен како гледа филмови за возрасни за време на час - си дал отказ По 40 години работа како професор, Русин морал да си даде отказ откако заборавил...
„Сопругот ми плаќа по 100 долари неделно за да чистам и да готвам - Зошто ова ми е најдобрата работа... Според оваа млада Американка, тоа што жените бараат мажите во домот да ги завршу...
Јапонија и сè е можно: Дечко дознал дека неговата девојка е 25 години постара од него, на денот пред... По 7 години врска, на денот пред свадбата, младоликата Јапонка Аки му признала н...
„Мајка ми живее со мене откако се породив, готви и се грижи да сум наспана - не сакам да си оди“ „Се будеше во 5:30 и почнуваше со својата рутина. За појадок ми правеше чај од ц...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg