„На прв љубовен состанок им давам на мажите тест за интелигенција, не сакам да си го губам времето“

Кендис Клос претходно велеше дека мажите ја потценуваат заради нејзиниот изглед и професија, а сега нашла начин како да најде интелигентен партнер – на првиот состанок им дава да решат тест за интелигенција.

model-so-priznanie-na-prviot-sostanok-na-mazhite-im-davam-test-za-inteligencija-ne-sakam-da-si-go-gubam-vremeto-01.jpg

Моделот Кендис Клос од Њујорк, минатата година стекна популарност откако тврдеше дека мажите се плашат од нејзината интелигенција, а сега открива дека презема сериозни чекори за да го најде вистинскиот.

Кендис има околу 109.000 следбеници на Инстаграм, а е член на МЕНСА од нејзини 17 години и има IQ 136. Во минатото тврдеше дека заради нејзиниот изглед и професијата како модел, луѓето честопати ја потценуваат, а според МЕНСА заради високиот коефициент на интелигенција, Кендис е речиси генијалец.

model-so-priznanie-na-prviot-sostanok-na-mazhite-im-davam-test-za-inteligencija-ne-sakam-da-si-go-gubam-vremeto-02.jpg

За споредба, во просек коефициентот на интелигенција кај луѓето се движи од 85 до 115, коефициентот од 120 до 140 се смета за „многу супериорна интелигенција“, а оние со IQ над 140 се генијалци.

Кендис е решена да најде подеднакво интелигентен партнер со кого ќе може да води занимливи разговори.

Таа вели дека не сака да си го губи времето, па затоа на сите мажи на првиот состанок им дава да решат тест за интелигенција. Таа појаснува дека иако може да се случи со потенцијалниот кандидат да има одредена хемија, сепак ако тој падне на тестот, нема намера повторно да се гледа со него.

„Сакам да бидам сигурна дека вреди да излезам на втор состанок со нив. Има голем број мажи што се привлечни, но не се интелигентни и не ми се допаѓаат. Како може да си поминам убаво со некој кој не ме разбира што му говорам?“ – вели таа.

Потенцијалните кандидати мора да имаат совршено знаење од секојдневните случувања во светот, но и да имаат солидно познавање од математика, финансии и наука. Како што вели, не очекува тие да бидат генијалци, но би требало да имаат натпросечна интелигенција.

„Ме привлекуваат ителигентни мажи (што освен што завршиле образование имаат и улична школа), кои имаат добра смисла за хумор, кои се авантуристи, искрени и забавни“ – вели таа.

Кендис редовно објавува свои фотографии на Инстаграм, погледнете дел од нив:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
Потресни сведоштва од несреќата со возови во Шпанија: „Гледав како луѓето умираат, а јас не можев да... „Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Друго детенце ја бараше мајка си. ...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...

Најчитани неделава