„Еден месец не пиев алкохол – кои промени ги почувствував во моето тело?“

Австралиската лекарка Деб Коен Џоунс од Перт, во април годинава одлучила четири недели воопшто да не пие алкохол, а во подолга објава на Инстаграм појаснува кои се промените што ги забележала.

eden-mesec-ne-piev-alkohol-koi-promeni-gi-pochuvstvuvav-vo-sopstvenoto-telo-01.jpg

Деб раскажува дека никогаш не пиела премногу алкохол, а промените што ги почувствувала ја навеле по неколкупати во годината да воведува периоди во кои воопшто нема да консумира алкохолни пијалаци.

Како што вели, претходно со години не купувала алкохол во домот за да ја спречи навиката да пие вино додека подготвува вечера или за да се опушти со малку алкохол по стресен ден на работа.

„Сепак, неодамна сфатив дека постојано брзам на некои настани и друштвени собири“ – раскажува таа.

Деб признава дека во повеќе наврати ѝ се случило да се напие повеќе од две пијачки за време на големиот број разговори и работни вечери.

„Како резултат на тоа, тенот ми стана полош, се здебелив неколку килограми и најважно - се чувствував емотивно потрошена.

Како да западнав во некој маѓепсан круг, во којшто кога не се чувствував убаво, пиев по неколку пијачки за да го подобрам расположението, но ако се напиев се чувствував уште полошо“ – раскажува таа.

Австралиската лекарка по ова одлучила дека е неопходно да направи едномесечна пауза со алкохолот, а сега открива кои се промените што ги забележала.

„Мора да признам дека имаше период од 2 недели во кој бевме во изолација заради ковид, па немаше друштвени собири каде што мојата трезвеност можеше да биде ставена на тест.

Интересно е што немав никаква желба за пијалак додека бев дома, особено кога не се чувствував добро – моите пријателки што имаа ковид во исто време сакаа навечер да пијат по една чаша вино, но јас само станав поупорна во одлуката да не пијам дома, па воопшто и не размислував за тоа.

Неколкупати излегов на вечера со пријателите и се чувствував мизерно на почетокот, но ова брзо помина и забележав дека многу повеќе уживам во храната “ – вели таа.

Според неа, најзабележителни биле промените во нејзиното однесување наутро.

„Кога не пиев, се будев секое утро и се чувствував свежо и имав многу поголема желба денот да го започнам со вежбање. Немав потреба за мрсна храна и воопшто не се чувствував анксиозно“ – вели таа.

Таа, водена од сопственото искуство, вели дека во моментов најчесто долго размислува пред воопшто да се напие алкохол, а ако одлучи да пие, тогаш се ограничува себеси на максимум 2 пијачки.

Заради позитивните промени во телото докторката планира да прави долги паузи со алкохолот по неколкупати годишно.

Погледнете повеќе нејзини фотографии во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Потресни сведоштва од несреќата со возови во Шпанија: „Гледав како луѓето умираат, а јас не можев да... „Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Друго детенце ја бараше мајка си. ...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...

Најчитани неделава