Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Бев бремена трипати во 3 години – велат дека заслужувам отказ затоа што постојано сум на породилно“

„Породилното отсуство не е одмор. Ќе се грижам за ново бебе и две други деца, а треба да водам сметка и за домот“ – им порачува оваа жена на оние што ја осудуваат затоа што останала бремена за време на второто породилно отсуство. Одмараат ли жените кога се на породилно?

zhena-so-ispoved-me-osuduvaat-zatoa-shto-tretpat-zemam-porodilno-velat-deka-samo-sakam-da-odmaram-i-da-zemam-plata-01.jpg

Хиби Аксон (26) е сметководителка по професија, која има две деца Исла (3) и Хејли (16 месеци), а откако откри дека е бремена по третпат и заради тоа ќе треба да оди на породилно отсуство по третпат, стана вистински хит на социјалните мрежи.

По две бремености и ограничувањата од ковид, Хиби била на породилно отсуство околу 19 месеци, откако претходно работела само 11 месеци во компанијата.

Во јануари годинава таа требало да се врати на работното место по второто породилно отсуство, но наместо да продолжи со работните задачи, таа морала да им соопшти на претпоставените дека е бремена по третпат.

Таа направи видео од разговорот и го објави на ТикТок, по што голем број жени се пронајдоа во нејзината приказна и рекоа дека се соочиле со слична ситуација, а други ја осудуваат.

@hebeaxon Three babies since 2019! Third baby due 2022 ?❤️ #homealone #pregnant #maternity ♬ original sound - Tyrie Brooks

Нејзините објави честопати наидуваат на критики од луѓето што сметаат дека нема потреба само да зема породилно, туку едноставно треба да даде отказ и да биде домаќинка.

„Треба да дадеш отказ и да бидеш домаќинка“, „Затоа не треба да вработувате жени“, „Сигрно ти се допаѓа слободното време“.

Како што вели, таа има законско право на породилно отуство како жена и како мајка, па одговори на критиките:

„Луѓето мислат дека породилното отсуство е можност да уживате додека компанијата ви плаќа. Но, не се во право.

Во првите шест недели од породилното добивам 90 отсто од регуларната плата, а за останатиот период земам одреден надоместок од 620 фунти месечно.

Тоа не се многу пари и очекувам дека ќе имаме финансиски проблеми. Не сме биле на одмор, купуваме евтина храна и деновите за излегување се ограничени, но сметаме дека тоа е мала жртва за да имаме прекрасно семејство.

Породилното отсуство не е одмор, како што си мислат некои луѓе. Ќе се грижам за ново бебе и две други деца, а треба да водам сметка за домот и треба да учам за новиот испит“ – вели таа.

Што мислите вие? Дали породилното отсуство е само одмор и дали мислите дека има жени кои остануваат бремени само за да не одат на работа или сепак коментарите се пресурови?

Во продолжение погледнете повеќе фотографии од Хиби:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
„Сопругот ми плаќа по 100 долари неделно за да чистам и да готвам - Зошто ова ми е најдобрата работа... Според оваа млада Американка, тоа што жените бараат мажите во домот да ги завршу...
„Купив стан за да живееме со партнерот, сега тој не сака да плаќа кредит – ме искористува ли?“ „Купив стан на мое име и кога го замолив дечко ми да помага со кредитот, ми рече...
„Бев шпион и спиев со мажи за да изнудам информации од нив – среќна сум што побегнав од тој живот“ „Кога ги гледав другите жени шпиони на возраст од 50-тина години, беа мизерни и ...
„Мајка ми живее со мене откако се породив, готви и се грижи да сум наспана - не сакам да си оди“ „Се будеше во 5:30 и почнуваше со својата рутина. За појадок ми правеше чај од ц...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg