Девојка (15) со исповед: „Алергична сум на вода - не смеам да ја консумирам, а плачењето е болно“

„Секое плачење е болно заради солзите. Алергијата ми го уништи животот. Ако се напијам вода повраќам, ме болат градите и срцето почнува да ми чука забрзано“ – тврди Абигејл Бек од Аризона кај која во пубертетот се развила ретка алергија на вода.

devojka-15-so-ispoved-alergichna-sum-na-voda-ne-smeam-da-ja-konsumiram-a-plachenjeto-e-bolno-01.jpg

Абигејл Бек (15) од Аризона, САД веднаш се исфрла по целото тело доколку нејзината кожа дојде во допир со вода, а не може дури ниту да се напие вода, затоа што веднаш почнува да повраќа.

devojka-15-so-ispoved-alergichna-sum-na-voda-ne-smeam-da-ja-konsumiram-a-plachenjeto-e-bolno-15.jpg

Абигејл три години се соочувала со болни црвенила на кожата по секое туширање или доколку случајно накиснела од дожд, по што направила лекарски испитувања со кои утврдиле дека таа има водена уртикарија (aquagenic urticaria).

Станува збор за редок тип на алергија што најчесто се јавува кај девојчињата во време на пубертетот.

devojka-15-so-ispoved-alergichna-sum-na-voda-ne-smeam-da-ja-konsumiram-a-plachenjeto-e-bolno-16.jpg

Абигејл за првпат ги почувствувала симптомите во 2019-та година, на возраст од 13 години, односно во истиот период кога за прв пат добила менструален циклус.

„Помина многу време додека да добијам дијагноза. Алергијата бавно се развиваше и состојбата стануваше сѐ полоша со текот на времето. Ако ме фатеше дожд, чувствував неверојатна болка, како да истуриле киселина врз мене“ – раскажува Абигејл.

devojka-15-so-ispoved-alergichna-sum-na-voda-ne-smeam-da-ja-konsumiram-a-plachenjeto-e-bolno-17.jpg

Кога се појавиле првите симптоми, девојката мислела дека најверојатно има реакција на водата во нивниот дом или дека нејзиното тело реагира на некој од лосионите што ги користела, а долгото чекање за да оди на лекар само дополнително ја влошило состојбата.

Денес, заради алергијата, Абигејл не може да се тушира, да вежба, па не смее ниту да плаче:

„По плачењето на лицето ми се јавува реакција, кожата ми станува црвена и чувствувам ужасна болка. Секое плачење е болно. Алергијата ми го уништи животот. Ако се напијам вода повраќам, ме болат градите и срцето почнува да ми чука забрзано“ – раскажува таа.

devojka-15-so-ispoved-alergichna-sum-na-voda-ne-smeam-da-ja-konsumiram-a-plachenjeto-e-bolno-22.jpg

Сепак, водата е неопходна за живот, па Абигејл вели дека консумира течности во минимални количества, а паралелно зема лекови против алергии и кремови за да се справи со реакциите.

Според неа најстрашно е тоа што никој нема доволно информации затоа што станува збор за мошне ретка болест, а мора постојано да води сметка на сѐ што консумира.

„Го проверувам составот на сѐ што консумирам, но сѐ во светот содржи вода. Последен пат пиев вода пред една година. Се плашам дека еден ден нештата ќе излезат од контрола и никој нема да знае што да прави. Не знам како да си помогнам себеси“ – вели таа.

devojka-15-so-ispoved-alergichna-sum-na-voda-ne-smeam-da-ja-konsumiram-a-plachenjeto-e-bolno-20.jpg

Засега алергијата на Абигејл е под контрола, но како што вели, веќе размислуваат за тоа дека ако во иднина состојбата се влоши, таа да почне да внесува течности во организмот само преку инфузија.

Сега, таа проговори јавно затоа што сака да ја поткрене свеста за овој тип ретка алергија кај јавноста со цел повеќе луѓе да бидат свесни. Како што вели, никој не ѝ верува кога ќе им каже за нејзината состојба.

„Кога ќе им кажам на луѓето дека сум алергична на вода, некои мислат дека тоа е смешно, а други се шокирани. Трети пак ме потсетуваат дека човечкото тело е создадено од вода“ – раскажува Абигејл.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
Потресни сведоштва од несреќата со возови во Шпанија: „Гледав како луѓето умираат, а јас не можев да... „Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Друго детенце ја бараше мајка си. ...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...

Најчитани неделава