Топлес жена протестираше на Канскиот филмски фестивал против сексуалното насилство во Украина: „Престанете да нè силувате“ (фото)

На Канскиот филмски фестивал, жена без облека протестираше против силувањата во Украина за време на војната – на градите ѝ беше нацртано украинското знаме, а на нозете имаше црвена боја која симболизира крв.

toples-zhena-protestirashe-na-kanskiot-filmski-festival-protiv-seksualnoto-nasilstvo-vo-ukraina-prestanete-da-ne-siluvate-foto-01.jpg

Вo петокот, на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал се појави топлес жена со украинското знаме нацртано на градите која протестираше против сексуалното насилство во Украина.

Жената, чиј идентитет не е познат, носеше само бели гаќи, а покрај украинското знаме, на нејзините гради имаше и натпис „Престанете да нè силувате“. Нозете и задникот ѝ беа прекриени со црвена боја која симболизира крв.

toples-zhena-protestirashe-na-kanskiot-filmski-festival-protiv-seksualnoto-nasilstvo-vo-ukraina-prestanete-da-ne-siluvate-foto-06.jpg

toples-zhena-protestirashe-na-kanskiot-filmski-festival-protiv-seksualnoto-nasilstvo-vo-ukraina-prestanete-da-ne-siluvate-foto-05.jpg

На видеата од настанот се гледа дека жената прво стои на црвениот тепих со црн фустан, пред да го соблече и да застане пред бројните фотографи и камермани. Неполна минута подоцна, неколку лица од обезбедувањето ја покриваат со сако и ја изнесуваат од настанот.

toples-zhena-protestirashe-na-kanskiot-filmski-festival-protiv-seksualnoto-nasilstvo-vo-ukraina-prestanete-da-ne-siluvate-foto-04.jpg

Протестот на жената е насочен кон сексуалното насилство што го трпат жените во Украина за време на руската инвазија.

Иако идентитетот на жената е непознат, според француската феминистичка група SCUM, таа е нивна активистка чија цел била „да ја осуди сексуалната тортура од која страдаат жените во Украина за време на војната“.

toples-zhena-protestirashe-na-kanskiot-filmski-festival-protiv-seksualnoto-nasilstvo-vo-ukraina-prestanete-da-ne-siluvate-foto-02.jpg

toples-zhena-protestirashe-na-kanskiot-filmski-festival-protiv-seksualnoto-nasilstvo-vo-ukraina-prestanete-da-ne-siluvate-foto-03.jpg

Според CNN, од Обединетите Нации побарале посебно да се истражуваат пријавите за сексуално насилство врз жените во Украина кои наводно само се зголемувале.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Не ми кажа дека е женет, спиеше со мене и потоа го кажав на жена му – згрешив ли?“ „Го прашав дали е во врска и тој ми рече: ‘Да, извини, требаше да ти кажам, жене...
30 фото докази колку убава земја беше Украина, пред војната Сте слушнале ли за зелениот „Тунел на љубовта“ во Украина? Се смета за едно од н...
Најголема земја во Европа, напуштени места заради нуклеарната катастрофа во Чернобил - Факти за Укр... Украина е млада држава формирана во 1991-ва година и е најголем производител на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg