Меган и Хари се присутни, но се кријат додека кралското семејство го прославува јубилејот на кралицата Елизабета (фото)

Деновиве во Англија се организирани многу настани по повод 70-тата годишнина од владеењето на кралицата Елизабета. Меѓу присутните на важните настани се и Меган и Хари, но додека останатите членови на семејството гордо мавтаат и позираат на парадата и балконот, тие се кријат во палатата и следат од прозорец.

megan-i-hari-se-krijat-vo-bakingemskata-palata-dodeka-kralskoto-semejstvo-go-proslavuva-plateniestiot-jubilej-na-kralicata-elizabeta-foto-01.jpg

Кралицата Елизабета слави 70 години на тронот, а деновиве во Англија се одржуваат бројни прослави во нејзина чест.

Главниот настан е закажан за недела, 05-ти јуни, а едно од поважните случувања беше парадата на кралското семејство низ Лондон, како и симболичното палење на факелот од страна на кралицата.

Додека траеше кралската парада, дефинитивно најмногу внимание привлекоа децата на Вилијам и Кејт со нивното слатко однесување.

Прочитајте повеќе: Принцезата Шарлот (7) го кара помалото братче Луи (4) да не мавта толку силно – слатко видео од кралските деца

Но, вниманието на јавноста го привлече и друг момент – присуството на Меган и Хари.

megan-i-hari-se-krijat-vo-bakingemskata-palata-dodeka-kralskoto-semejstvo-go-proslavuva-plateniestiot-jubilej-na-kralicata-elizabeta-foto-06.jpg

По повеќе од две години, принцот Хари и Меган Маркл беа во присуство на кралското семејство, но додека траеше парадата, како да пробуваа да се скријат и да не привлечат многу внимание.

megan-i-hari-se-krijat-vo-bakingemskata-palata-dodeka-kralskoto-semejstvo-go-proslavuva-plateniestiot-jubilej-na-kralicata-elizabeta-foto-04.jpg

megan-i-hari-se-krijat-vo-bakingemskata-palata-dodeka-kralskoto-semejstvo-go-proslavuva-plateniestiot-jubilej-na-kralicata-elizabeta-foto-07.jpg

Бидејќи парот се откажа од кралските должности, тие не беа дел од парадата, туку ја следеа од Бакингемската палата.

Според изворите, Меган и Хари навистина сакале да привлечат што е можно помалку внимание бидејќи овие неколку денови се во чест на кралицата Елизабета.

megan-i-hari-se-krijat-vo-bakingemskata-palata-dodeka-kralskoto-semejstvo-go-proslavuva-plateniestiot-jubilej-na-kralicata-elizabeta-foto-02.jpg

megan-i-hari-se-krijat-vo-bakingemskata-palata-dodeka-kralskoto-semejstvo-go-proslavuva-plateniestiot-jubilej-na-kralicata-elizabeta-foto-03.jpg

Главниот момент од парадата е појавувањето на кралското семејство на препознатливиот балкон на палатата, но Хари и Меган се држеа понастрана и за овој миг.

megan-i-hari-se-krijat-vo-bakingemskata-palata-dodeka-kralskoto-semejstvo-go-proslavuva-plateniestiot-jubilej-na-kralicata-elizabeta-foto-05.jpg

Иако ова е знак дека Меган и Хари ги подобриле односите со кралицата, многумина сметаат дека кралското семејство си ја нарушува репутацијата со овој гест. Според анкета од британски медиум, Британците сметаат дека Меган и Хари воопшто не треба да присуствуваат на големата прослава.

По завршувањето на парадата, кралицата симболично запали еден од 3.500 „факли“ кои се палат во нејзина чест. Овие факли се распоредени низ цела Британија и почнуваат да се палат откако кралицата ќе го запали нејзиниот.

Додека порано можеби се користеле вистински факли, сега церемонијата е помодерна, па кралицата всушност запали многу светилки, а целиот миг изгледаше навистина волшебно.

megan-i-hari-se-krijat-vo-bakingemskata-palata-dodeka-kralskoto-semejstvo-go-proslavuva-plateniestiot-jubilej-na-kralicata-elizabeta-foto-08.jpg

megan-i-hari-se-krijat-vo-bakingemskata-palata-dodeka-kralskoto-semejstvo-go-proslavuva-plateniestiot-jubilej-na-kralicata-elizabeta-foto-13.jpg

Откако таа го запали „факелот“ во замокот Виндзор, нејзиниот внук, принцот Вилијам, го запали вториот во Бакингемската палата.

„Факелот“ на Вилијам е всушност огромна скулптура во форма на дрво украсена со многу фенери.

megan-i-hari-se-krijat-vo-bakingemskata-palata-dodeka-kralskoto-semejstvo-go-proslavuva-plateniestiot-jubilej-na-kralicata-elizabeta-foto-10.jpg

Во Лондон имаше уште еден модерен, односно виртуелен факел – на видеобим на плоштадот Piccadilly Circus беше пуштена снимка од факел.

megan-i-hari-se-krijat-vo-bakingemskata-palata-dodeka-kralskoto-semejstvo-go-proslavuva-plateniestiot-jubilej-na-kralicata-elizabeta-foto-15.jpg

Огнови се палеа и во Единбург и Ливерпул, а дури и во Сиднеј Австралија, имаше настан со слична симболика.

megan-i-hari-se-krijat-vo-bakingemskata-palata-dodeka-kralskoto-semejstvo-go-proslavuva-plateniestiot-jubilej-na-kralicata-elizabeta-foto-14.jpg

megan-i-hari-se-krijat-vo-bakingemskata-palata-dodeka-kralskoto-semejstvo-go-proslavuva-plateniestiot-jubilej-na-kralicata-elizabeta-foto-12.jpg

Додека траеше симболичното палење на „факлите“, односно светилките, на Бакингемската палата беа проектирани фотографии од кралицата – од нејзината младост, па сè до денес.

megan-i-hari-se-krijat-vo-bakingemskata-palata-dodeka-kralskoto-semejstvo-go-proslavuva-plateniestiot-jubilej-na-kralicata-elizabeta-foto-11.jpg

Во сабота ќе се одржи и забава по повод Јубилејот на која ќе присуствуваат многу познати личности, како Дејвид и Викторија Бекам.

Наводно, и Ким Кардашијан побарала дозвола за присуство. Таа била убедена дека ќе може да присуствува на забавата, па веќе е во Англија со момчето Пит Дејвидсон, но изворите откриваат дека барањето ѝ било одбиено.

megan-i-hari-se-krijat-vo-bakingemskata-palata-dodeka-kralskoto-semejstvo-go-proslavuva-plateniestiot-jubilej-na-kralicata-elizabeta-foto-16.jpg

Како што веќе спомнавме, главниот настан е закажан за оваа недела, а дотогаш погледнете повеќе фотки од вчерашните случувања:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Спектакуларен крај на прославите за Платинестиот јубилеј – настанот чинел 18 милиони долари, Меган и... Со парада за чија организација биле одвоени 18 милиони долари, завршија прослави...
Меган Маркл, чекор зад Кејт Мидлтон, оддава почит пред ковчегот на кралицата - со бисерни обетки од ... По сите скандали, Меган Маркл и принцот Хари се дел од процесот на тагување по к...
Хари и Вилијам обединети во тагата за баба им - Зошто никој не верува дека примирјето ќе потрае? Хари и Вилијам со сопругите повторно сплотени по смртта на нивната баба Елизабет...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg