Вработен во Дизниленд прекина и уништи магично запросување без срам – видео кое предизвика лавина од реакции

„Вработениот го направи тоа што мора, а откако скандалот се прошири, најверојатно ќе заработи отказ“. Во оваа насока одат коментарите за видеото на кое се гледа како вработен во Дизни прекина магично запросување пред замокот на Заспаната убавица и го упати парот да премине на друго место.

kritiki-za-vraboten-vo-dizni-otkako-unishti-magichnoto-zaprosuvanje-sigurno-ne-te-plakjaat-dovolno-a-sega-i-kje-te-otpushtat-video-01.jpg

На социјалните мрежи брзо се прошири видео во кое се гледа како вработен во Дизни паркот во Калифорнија прекина магично запросување што требаше да се случи пред замокот на Заспаната убавица.

Наводно настанот се случил на 21-ви мај годинава, а момчето претходно побарало дозвола за да ја запроси својата сакана.

Додека тој клекнат на едно колено ја бара својата партнерка за сопруга, вработениот во еден миг му го зема прстенот и им кажува да се симнат долу, затоа што таму запросувањето ќе било подобро.

kritiki-za-vraboten-vo-dizni-otkako-unishti-magichnoto-zaprosuvanje-sigurno-ne-te-plakjaat-dovolno-a-sega-i-kje-te-otpushtat-video-02.jpg

Објаснувањето е дека парот влегол во забранетата зона, а откако видеото се прошири на социјалните мрежи, од Дизни паркот упатија јавно извинување за настанот и велат дека веќе му се извиниле на парот и понудиле да направат сѐ што е во нивна можност за да ги поправат работите.

Видеото беше оригинално објавено на Reddit од страна на најдобриот пријател на момчето што сакало да ја запроси својата девојка, а оттаму брзо се прошири и на другите социјални мрежи.

kritiki-za-vraboten-vo-dizni-otkako-unishti-magichnoto-zaprosuvanje-sigurno-ne-te-plakjaat-dovolno-a-sega-i-kje-te-otpushtat-video-03.jpg

Додека едни во коментари го оправдуваат однесувањето на вработениот, други пак, сметаат дека тоа што го направил не е во ред и ја осудуваат политиката на паркот што од една страна наплаќа за ваквите посебни запросувања, но цврсто се држи до правилата дека посетителите не смеат да одат во забранетите делови.

„Како поранешен вработен во Дизни, мора да кажам дека вработениот не направи никаква грешка. Навистина ми е жал за парот, но не знаете со какви последици може да се соочи доколку дозволеше запросувањето да продолжи на тоа место. Вработениот се справи ситуацијата онака како што нѐ учат да се справуваме“ – стои во еден твит.

„Вработениот што го прекина запросувањето во Дизни е совршен пример за некој што претерано сериозно си ја сфаќа работата. Се сомневам дека го плаќаат доволно за да го направи тоа што го направи и без разлика на сѐ сметам дека сега ќе го отпуштат. Буквално го зеде прстенот од раката на момчето“ – се вели во друг твит.

Погледнете го видеото од запросувањето:

https://www.instagram.com/tv/CekXdytjawM/?utm_source=ig_web_copy_link

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кејт Мидлтон со круна на принцезата Дијана, Доналд и Меланија главни гости: Како помина раскошниот б... Во замокот Виндзор се одржа државен банкет во чест на американскиот претседател ...
Моќна лекција за жените од Мишел Обама: „Не мора да имате сè сега, животот е долг и има поглавја“ (в... „Невозможно е да имате сè сега, престанете со тоа. Што е тоа нетрпение и чувство...
Потресни сведоштва од несреќата со возови во Шпанија: „Гледав како луѓето умираат, а јас не можев да... „Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Друго детенце ја бараше мајка си. ...
Можни причини зошто Меланија останува со Доналд Трамп (иако некогаш изгледа како да го мрази) Меланија знае како е да се почне од нула, па веројатно не сака да си ја загрозув...
Застрашувачка сцена: Огромна лавина се движи кон скијачи во ски-центар во Италија (видео) На драматична снимка се гледа како се формира снежна лавина во ски центар во Ита...
Се онесвестуваат, плачат: Тајландската лотарија за служење војска стана вирална (видео) Во Тајланд секоја година се одржува лотарија за служење војска. Мажите на возрас...

Најчитани неделава