Исповед на спортистка: „Не бев свесна дека преживувам срцев удар, мислев дека ме стега градникот“

„Тоа не беше болка, чувствував како градникот да ми е тесен. Резултатите од ЕКГ беа добри, но при анализа на крв утврдија дека сум претрпела миокарден срцев удар, по што веднаш ме примија во болница“ – вели оваа 44-годишна жена од Австралија.

sportistka-so-ispoved-mislev-deka-samo-me-stega-gradnikot-ne-bev-svesna-deka-prezhivuvam-infarkt-01.jpg

Ана Кaплс (44) од Нов Зеланд, едно утро во јануари во 2016-та година играла фризби кога ги почувствувала првите симптоми на она што подоцна дознала дека е миокарден срцев удар.

Во моментот кога почувствувала нелагодност во градите, спортистката имала 35 години. Била во совршена форма, и имала учествувано во 7 триатлони и на 3 Светски првенства, заради што верувала дека болката брзо ќе помине и не се работи за ништо посериозно.

„Тоа не беше болка, чувствував како градникот да ми е премногу тесен“ – раскажува Ана и вели дека тоа не ја спречило да продолжи да игра и да ја заврши играта.

sportistka-so-ispoved-mislev-deka-samo-me-stega-gradnikot-ne-bev-svesna-deka-prezhivuvam-infarkt-04.jpg

По завршувањето на играта, Ана помислила на тоа да оди во болница и да направи преглед, но сепак одлучила да оди на работа, затоа што нејзините симптоми воопшто не наликувале на предупредувањата за срцев удар што вообичаено ги гледала на телевизија.

За време на работниот ден, нелагодноста во градите продолжила, по што сестра ѝ Хедер, која е медицинска сестра, ја натерала да оди и да направи ЕКГ преглед, а резултатите не покажале ништо невообичаено.

sportistka-so-ispoved-mislev-deka-samo-me-stega-gradnikot-ne-bev-svesna-deka-prezhivuvam-infarkt-06.jpg

Лекарите тврделе дека симптомите се последица на нејзините интензивни тренинзи, но за секој случај ја натерале да направи лабараториски анализи.

„Во попладневните часови болката беше намалена, а лекарот ми се јави и ме праша како се чувствувам. Одговорив дека сум добро, на што тој ми рече дека моите лабораториски резултати не се добри.

Потоа итно отидов во болница и бев пренесена на одделот за интензивна нега“.

sportistka-so-ispoved-mislev-deka-samo-me-stega-gradnikot-ne-bev-svesna-deka-prezhivuvam-infarkt-10.jpg

Анализите на крвта на Ана покажале зголемено присуство на тропонин, протеин што може да укаже на оштетување на срцевиот мускул и било утврдено дека нејзиното срце навистина претпрпело траума, односно миокарден инфаркт.

Миокарден инфаркт (SCAD) е состојба кога се формира процеп на еден од срцевите артерии, што предизвикува зголемено или намалено присуство на крв и го пореметува биењето на срцето или предизвикува ненадејна смрт.

„Навистина беше тешко да поверувам. Јас бев триатлонец, бев во одлична физичка состојба, постојано бев активна и здрава“ – раскажува Ана.

По срцевиот удар Ана морала значително да го промени начинот на живот. Додека за многумина што страдаат од вакво срцево заболување итно е потребно да се вгради стент, Ана не морала да оди на интервенција, но долго време примала лекови.

sportistka-so-ispoved-mislev-deka-samo-me-stega-gradnikot-ne-bev-svesna-deka-prezhivuvam-infarkt-05.jpg

Денес, таа има 42 години, а сака да ја поткрене свеста кај луѓето да не ги занемаруваат и најмалите симптоми што може да укажуваат на срцев удар.

Како што вели, во првите 6 месеци по срцевиот удар постојано анализирала сѐ што ѝ се случува, но денес научила како да живее послободно, па дури почнала и повторно да вежба.

sportistka-so-ispoved-mislev-deka-samo-me-stega-gradnikot-ne-bev-svesna-deka-prezhivuvam-infarkt-03.jpg

Таа е мајка и сопруга која, која постојано порачува дека во никој случај не треба да се игнорира болката во градите, без разлика на тоа колку и да ви изгледа безопасно.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Бев на 8 патувања во една година, сама без сопругот и децата“ „Не ми треба дозвола од сопругот за да резервирам соло патување, бидејќи знае де...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Тинејџер од Русија си ја пиел крвта и завршил во болница - сакал да си ја лекува анемијата, „советот... 17-годишно момче од Русија пробало да си ја лекува анемија пиејќи ја својата крв...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...

Најчитани неделава