Зошто Фејсбукот ни е преплавен со објави од непознати луѓе на страните на славните?

Дали денес на Фејсбук ви се појавуваат објави од непознати луѓе споделени на страници на познати личности, компании и слично?

dali-na-fejsbuk-vi-se-pojavuvaat-objavi-od-nepoznati-lugje-spodeleni-na-popularni-stranici-01.jpg

Денес, 24-ти август, Фејсбук корисниците од целиот свет пријавуваат сличен проблем.

image (5).jpg

На илјадници Фејсбук корисници, наместо објави од нивните Фејсбук пријатели и групите и страниците што ги следат, им се појавуваат објави од луѓе кои не ги ни знаат.

Овие објави се споделени на страници со многу следбеници, вклучувајќи и страници на кои не може да објавува никој освен администраторите.

image (6).jpg

image (7).jpg

cloudfront-ap-southeast-2.images.arcpublishing.jpg

Според веб-сајтот Downdetector, проблемот започнал околу 8 часот наутро.

61674101-11140783-Facebook_has_been_having_problems_since_7_08_AM_BST_according_to-a-1_1661324803483.jpg

Неколку светски медиуми пренесуваат дека се огласил портпарол на компанијата:

„Свесни сме дека некои луѓе имаат проблем со Фејсбук. Работиме да го решиме проблемот што е можно побрзо и се извинуваме за непријатностите“.

Некои корисници истакнуваат дека кај Инстаграм, другата социјална мрежа на Meta, нема проблеми, што значи проблемот е локализиран само на Фејсбук.

Не е познато што го предизвикува проблемот, но некои сметаат дека не се исклучува можноста да станува збор и за некакво хакирање.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 луѓе со кои не сакаме да делиме ист воздух (а ги има многу и во Македонија) Дали сте биле сведок на сцена во Скопје каде тркалото од велосипедот останало за...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
„Луѓе ми плаќаат 5.000€ да се појавам на нивниот погреб за да откријам мрачни тајни или да пренесам ... „Во името на една старица пред ужалените кажав дека таа не му е мајка на нејзини...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
„Живеам од социјална помош бидејќи ми е стресно да работам – си купив куќа и ги зголемив градите, не... Жена од Англија 23 години живее од социјална помош бидејќи, како што вели, полес...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...

Најчитани неделава