Девојка ја добила првата менструација на 18 месеци: „Градите ми пораснаа до основно, немав пријатели“

Лиза Луиз ја добила првата менструација пред да наполни две години. До осмата година имала нередовни менструации, а на 13 години морала да почне да пие и апчиња за контрацепција за да ги намали неподносливите менструални болки.

zhena-so-retka-sostojba-ja-dobila-prvata-menstruacija-na-18-meseci-01.png

23-годишната Лиза Луиз страда од предвремен пубертет - состојба кога детето минува низ пубертет пред да наполни осум години.  Поради ова, првата менструација ја добила на само 18 месеци.

Како доенче имала нередовни менструации, пред нејзиниот циклус да стане редовен на осумгодишна возраст.

Не само тоа, нејзините менструации биле исклучително болни и тешки, па како млада тинејџерка морала да направи хименектомија - хируршка процедура за отворање на хименот, пред да биде ставена на контрацепциски апчиња на 13 години.

Таа била во основно училиште кога сфатила дека е поинаква. Било многу очигледно поради големината на нејзините гради.

„Беше многу очигледно за другите луѓе и родителите поради моите гради. Ова ми беше голема пречка за создавање пријатели“.

zhena-so-retka-sostojba-ja-dobila-prvata-menstruacija-na-18-meseci-03.png

Лиза и нејзините родители биле многу исплашени, но докторите им објасниле сè и ги охрабрувале дека и покрај оваа ретка состојба, таа може да води нормален живот.

„Никој во моето семејство го нема ова. Моите родители беа исплашени на почетокот, но за среќа лекарите им објаснија сè.

Моите родители отсекогаш ме охрабрувале дека ова е нормално и ми помагаа да не се чувствувам одделено. Беше многу страшно, но ја имав целата поддршка од нив“.

Лиза истакнува дека добила и огромна помош од наставниците во училиштето.

„Во училиштето имаа влошки само за мене и ми дозволуваа да излегувам од часови. Поради ова, целиот процес ми беше полесен и се чувствував подобро“.

zhena-so-retka-sostojba-ja-dobila-prvata-menstruacija-na-18-meseci-02.png

Лиза била предупредена дека можеби нема да може да зачне дете во иднина, но уште не е познато дали нејзината состојба ќе доведе до рана менопауза.

Откако ја споделила најзината приказна на ТикТок, многу жени кои ја имаат оваа ретка состојба ја контактирале, па така Лиза ја креирала својата онлајн заедница каде што сите тие ќе можат да си даваат поддршка.

„Отсекогаш сум била личност која сака да им помага на другите, а бидејќи социјалните мрежи, особено ТикТок, ги користат многу луѓе, имаат и големо влијание врз младите.

Одлично е колку многу луѓе се пронајдоа во мојата приказна.

Добро е да знам дека не сум единствената која се соочила со ова, но и дека можам да им помогнам на другите“.

@lizalouise20 Reply to @slickquezy ♬ original sound - Liza Louise

M. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
„Син ми е бодибилдер на 14 години и држи строга диета – ме критикуваат, но јас сум горда“ Мајка на 14-годишен бодибилдер се соочува со критики бидејќи го охрабрува син ѝ ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
„На 15 години ме праќаа во хотели за топлес да ме сликаат мажи“ - Манекенка за темната страна на про... „Понекогаш среќавав убаво облечени мажи во нивните канцеларии, а понекогаша сред...

Најчитани неделава