Хари и Вилијам обединети во тагата за баба им - Зошто никој не верува дека примирјето ќе потрае?

Хари и Вилијам со сопругите повторно сплотени по смртта на нивната баба Елизабета која секогаш се бореше за нивниот однос, но до кога? Колумнистка направи анализа и открива зошто смета дека професионалниот бунтовник Хари нема да престане додека во целост не ја разруши монархијата.

vilijam-i-kejt-hari-i-megan-povtorno-zaedno-zoshto-nikoj-ne-veruva-deka-pomiruvanjeto-kje-potrae-01.jpg

Откако минатиот викенд заедно се појавија пред Виндзорската палата за да ги погледнат цвеќињата оставени од ожалостената нација по смртта на кралицата Елизабета Втора, Меган и Хари со Кејт и Вилијам синоќа (13.09.) повторно заедно дојдоа во Бакингемската палата каде што го пречекаа ковчегот со останките, а потоа имаше и бдеење.

Пред влегувањето во палатата, внуците на Елизабета беа фотографирани во автомобилот, а на нивните лица беше видлив тажниот израз.

vilijam-i-kejt-hari-i-megan-povtorno-zaedno-zoshto-nikoj-ne-veruva-deka-pomiruvanjeto-kje-potrae-03.jpg

На скалите од палатата тие им се придружија на кралот Чарлс Трети и неговата сопруга Камила, како и на другите членови од потесното семејство.

vilijam-i-kejt-hari-i-megan-povtorno-zaedno-zoshto-nikoj-ne-veruva-deka-pomiruvanjeto-kje-potrae-06.jpg

Очигледно е дека браќата во моментите на жалост одлучија да ги остават настрана разликите и да бидат заедно во тешките мигови по загубата на новната баба, а во изминатите денови се огласи и познатата ТВ водителка Опра Винфри која рече дека се надева дека ова примирје ќе потрае.

vilijam-i-kejt-hari-i-megan-povtorno-zaedno-zoshto-nikoj-ne-veruva-deka-pomiruvanjeto-kje-potrae-05.jpg

Од друга страна, пак, колумнистката на Daily Mail, Меган Мекејн направи детална анализа зошто смета дека ова е само затишје пред бура и зошто смета дека професионалниот бунтовник Хари нема да престане додека во целост не ја разруши монархијата.

vilijam-i-kejt-hari-i-megan-povtorno-zaedno-zoshto-nikoj-ne-veruva-deka-pomiruvanjeto-kje-potrae-07.jpg

„На Меган воопшто не ѝ пречи да ја разруши монархијата. Зошто? Затоа што Хари и Меган мислат само на бизнисот на Хари и Меган.

Кога креираат хаос, бизнисот им цвета. Затоа што овие професионални бунтовници ги направија своите избори.

Откако си заминаа, тие повеќе не се дел од кралското семејство и го направија својот избор.

Сакаат да бидат славни во Америка, сакаат да заработуваат пари од поткастови и договори за стриминг и не сакаат да бидат на второ место. Дa бидам директна – Тие сакаат да бидат кралот Хари и кралицата Меган“ – пишува таа.

Според неа, најголемиот проблем е во тоа што Хари е петти по ред престолонаследник, по децата на Вилијам, а дури по него доаѓаат Арчи и Лилбет, кои добија титули дури по смртта на Елизабета Втора.

vilijam-i-kejt-hari-i-megan-povtorno-zaedno-zoshto-nikoj-ne-veruva-deka-pomiruvanjeto-kje-potrae-02.jpg

Дополнително, Хари и Меган се свесни дека многу повеќе пари може да заработат надвор од кралското семејство, додека велат дека се отуѓени и жртви.

Дали оваа колумнистка е во право и дали навистина Меган и Хари ќе останат отуѓени по сите настани ќе покаже само времето.

Сега за сега се знае дека Хари ја одложи својата книга мемоари, а веќе е најавено дека тој заедно со Вилијам и татко му Чарлс ќе ја предводат поворката за време на погребот на кралицата.

Прочитајте и Конечно заедно: Принцот Хари и Меган Маркл со Вилијам и Кејт заедно ѝ оддаваат почит на кралицата (фото)

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Хари и Меган зад кралските завеси – таа храбро објави невидени кадри од свадбата, страсни бакнежи и ... За 8-та годишнина, Меган и Хари не се кријат, напротив, таа храбро објави невиде...
Членови на кралското семејство кои биле ужасни со вработените – Слугинките плачеле од Меган Маркл На принцезата Дијана воопшто не ѝ бил лесен животот со кралското семејство. Па, ...
Кејт Мидлтон со круна на принцезата Дијана, Доналд и Меланија главни гости: Како помина раскошниот б... Во замокот Виндзор се одржа државен банкет во чест на американскиот претседател ...
Ќерка на ирански тајкун троши повеќе од 500.000 евра месечно - Се фали на Инстаграм со „парите на та... „Добивам многу негативни реакции од луѓе кои ме задеваат дека трошам ‘пари од та...
„Живеам од социјална помош бидејќи ми е стресно да работам – си купив куќа и ги зголемив градите, не... Жена од Англија 23 години живее од социјална помош бидејќи, како што вели, полес...
„Со бившиот сопруг освоиме 2 милиони евра на лото – заглавивме во долгови, ги плаќавме 10 години“ Лара од Англија и поранешниот сопруг освоиле околу 2 милиони евра на лотарија. Н...

Најчитани неделава