Кралицата Елизабета и принцот Филип заедно во облаците – емотивна проекција на швајцарското небо (фото)
- Детали
- петок, 16 септември 2022
„Патување кон ѕвездите – кралицата на патот кон рајот“ - швајцарски уметник креираше уметничка проекција на небото, каде кралицата Елизабета и принцот Филип се држат за рака во облаците.

Со цел да ѝ одаде почит на британската кралица Елизабета Втора, познатиот швајцарски уметник Гери Хофштетер креираше уметничка проекција на облаците над планината во близина на долината Лаутербрунен во Швајцарија.

Хофштетер кој е познат по своите уметнички проекции на небото, облаците во Швајцарија ги искористи како „платно“ на која ја отслика својата последна проекција насловена „патување кон ѕвездите – кралицата на патот кон рајот“.

На фотографиите од прокецијата може да се види кралицата Елизабета која го држи за рака нејзиниот сопруг принцот Филип.

Инаку, Хофштетер е познат по своите уметнички светлосни проекции.
Погледнете дел од нив во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело