Илон Маск влезе со мијалник во Твитер и почна да дели откази + отпуштена жената што му стави доживотна забрана на Трамп (фото+видео)

„Влегов во Твитер, нека ви влезе во глава“ – Илон Маск влезе во седиштето на Твитер со мијалник во раце, а на социјалните мрежи масовно се шири фотографијата од отпуштањето на жената која му даде доживотна забрана на Доналд Трамп на Твитер.

ilon-mask-vleze-so-mijalnik-vo-tviter-i-pochna-da-deli-otkazi-otpushtena-zhenata-shto-mu-stavi-dozhivotna-zabrana-na-tramp-foto-video-01.jpg

Илон Маск застана на чело на Твитер и со тоа доби власт на највлијателната социјална мрежа во светот.

Според информациите објавени во светските медиуми, набрзо откако го финиширал договорот вреден 44 милијарди долари, Маск веднаш почнал да дели откази.

Играјќи си со двојното значење на зборот „sink in“ на англиски (sink како мијалник и sink in како влегува во глава), Маск упати јасна порака до сите оние што се противеа на неговото преземање на социјалната мрежа.

На неговиот Твитер профил е објавено кратко видео на кое се гледа како влегува во компанијата со мијалник и во описот пишува:

„Влегувам во седиштето на Твитер, нека ви влезе тоа во глава“.

На црната листа на Маск се најде генералниот директор на компанијата Параг Агравал, како и двајца други извршни директори.

На социјалната мрежа се споделуваат фотографиите од моментот кога Маск ја отпуштил и Виџајa Гаде шефицата за правни прашања и политика, која стои зад доживотната забрана на Доналд Трамп за користење на Твитер.

Маск изјави дека планира да воведе новини во начинот на којшто се модерираат содржините на социјалната мрежа со цел да се обезбеди максимална „слобода на говор“.

Тој рече дека не се согласува со политиката на Твитер за доживотна забрана за оние што повеќекратно ја нарушуваат политиката на социјалната мрежа, па така се очекува дека голем број претходно блокирани, контроверзни корисници на мрежата би можеле повторно да добијат свои профили.

Се очекува дека прв што ќе добие дозвола за користење Твитер ќе биде поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп.

Во меѓувреме Илон објави фотографии на кои се гледа како во неформално издание има состанок со вработените во кафетеријата на седиштето на Твитер.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Meланија Трамп во светкав фустан издоминира како некогаш - фатена за рака со Доналд Трамп Меланија и Доналд Трамп вљубени на новогодишната забава во неговата зимска резид...
Меланија Трамп ги засени сите на раскошната вечера со кралот и кралицата во Белата куќа – ја спореду... На раскошната вечра во Белата куќа каде почесни гости беа кралот Чарлс и кралица...
Можни причини зошто Меланија останува со Доналд Трамп (иако некогаш изгледа како да го мрази) Меланија знае како е да се почне од нула, па веројатно не сака да си ја загрозув...
Меланија му ставала креми со кавијар кога бил дете, има свое богатство од 150 милиони долари - Како ... Барон никогаш не носел тренерки, дури ни како дете, туку од мал сакал да се обле...
Оттуѓената трансродова ќерка на Илон Маск стана манекенка – го промени полот и се откажа од татко ѝ Родена е како машко дете, во 2020-та кажа дека е трансродова личност, го смени п...

Најчитани неделава