„Со сопругот сме 17 години во брак - зошто би му простила неверство?“

„Сакам да останам во брак, го сакам сопругот и ние двајцата ги обожаваме нашите синови тинејџери и не би сакала да ги гледам само 50 отсто од времето - ова се моите причини за тоа зошто никогаш не би сакала да знам дали сопругот ме изневерува“ - раскажува британска колумнистка. 

so-soprugot-sme-17-godini-vo-brak-zoshto-nikogash-ne-bi-sakala-da-znam-dali-me-izneveruva-01.jpg

Некои жени би направиле сѐ за да откријат дали нивниот партнер ги изневерува, од проверување мобилни телефони и џебови, до следење и најмување приватни детективи, а оваа жена вели дека е подготвена дури и да му прости на сопругот и да остане во брак.

so-soprugot-sme-17-godini-vo-brak-zoshto-nikogash-ne-bi-sakala-da-znam-dali-me-izneveruva-02.jpg

Британската колумнистка Мел Фалоуфилд напиша колумна за британскиот весник The Sun во која отворено говори за тоа кои се нејзините причини заради кои не сака да знае дали сопругот ја изневерува.

Нејзиниот текст ви го пренесуваме во целост:

„Жените може да ми замерат за ова признание, но јас отворено признавам дека никогаш не би сакала да знам дали сопругот ме изневерува.

Всушност, би направила сѐ за да го игнорирам фактот дека Брајан, мојот партнер со кого сум 17 години заедно, почнал да ме изневерува.

И знам дека не сум сама во ваквите сфаќања.

Неодамна видов една објава на Mumsnet од една жена, што откри дека веќе 2 години знае дека нејзиниот сопруг има афера, но наместо да му се спротивстави, воопшто не ѝ е грижа за тоа.

Според неа постојат три главни причини за тоа.

Тие имаат среќен живот со нивните деца и имаат убав дом.

Финансиски не можат да си дозволат да се разведат, и можеби она што е најконтроверзно, е дека таа чувствува дека не е под притисок да има секс со сопругот – знае дека тој ги задоволува сопствените потреби и не е намќорест.

Нејзините коментари предизвикаа негативни коментари на интернет и најголем дел од жените велат дека никогаш не би можеле да трпат такво нешто, но јас целосно ги разбирам нејзините ставови.

so-soprugot-sme-17-godini-vo-brak-zoshto-nikogash-ne-bi-sakala-da-znam-dali-me-izneveruva-04.jpg

Да бидеме јасни, колку што знам, мојот сопруг Брајан не ме изневерува и никогаш не го направил тоа, но никогаш не би вложила напори за да дознам дали има врска со други жени.

Не ме интересира да знам. Дури и сум му рекла на Брајан, во повеќе прилики, дека ако некогаш влезе во вонбрачна авантура, прво правило е никогаш да не ми признае и да биде сигурен дека јас нема да дознаам.

Освен тоа, мора да има безбеден секс.

Тој ми се колне дека не го интересира да има секс со други жени, но би било глупаво да верувам дека мојот брак може да остане имун на неверство – статистиките говорат доволно.

Моите причини за тоа зошто никогаш не би сакала да знам дали сопругот ме изневерува се во голема мера слични со оние на жената на Mumsnet.

Сакам да останам во брак, го сакам сопругот и ние двајцата ги обожаваме нашите синови тинејџери и не би сакала да ги гледам само 50 отсто од времето.

Не би можеле да ги поднесеме финансиските последици од разводот.

Тешко се справуваме со еден дом, а не со два. Освен тоа уживаме во времето поминато заедно.

so-soprugot-sme-17-godini-vo-brak-zoshto-nikogash-ne-bi-sakala-da-znam-dali-me-izneveruva-05.jpg

Брајан и јас се запознавме на универзитет и имаме голем број заеднички пријатели и моето семејство го обожава. Освен тоа, цврсто верувам дека она што не го знаеш не може да те повреди.

Мојот сопруг никогаш не ми дал причина да се сомневам дека има авантури.

Пред пет години имаше еден случај што ми делуваше сомнително. Брајан ми рече дека ќе се сретне со еден од нашите заеднички пријатели Том, а сосема случајно следниот ден разговарав со една од пријателките и таа ми кажа дека се видела со Том и со неговата сопруга во театар претходната ноќ, а дека мојот сопруг не бил со нив.

Му спомнав на Брајан, затоа што не ми беше јасно што се случило.

Тој беше опуштен и ми се извини, па ми рече дека имал ужасен ден, и не можел да се справи со целата ситуација и ритуалите за 'заспивање на децата' па сакал да оди во паб и да испие неколку пива за да се опушти.

Немаше ништо што укажуваше на грижа на совест. Тоа извинување ми беше сосема доволно и денес се смееме на таа случка. Том денес го нарекуваме 'Том од театарот'.

so-soprugot-sme-17-godini-vo-brak-zoshto-nikogash-ne-bi-sakala-da-znam-dali-me-izneveruva-03.jpg

Но, луѓето што би простиле неверство се многу малку. Знам дека Брајан не би толерирал ако го изневерам и најверојатно би ставил крај на бракот - па затоа воопшто не разбира како се чувствувам.

Верувам дека луѓето мислат дека е многу веројатно мојот сопруг да ме изневери заради моите ставови, но не се сложувам со тоа. Ако партнерот сака да ве изневери тој ќе го направи тоа без разлика на тоа што знае дека со тоа е можно тоа да значи крај на бракот.

Единствената опасност е ако се вљуби во друга жена, но тој не е во моја сопственост, а тоа што јас ќе ги поминам годините во сомнеж нема да го запре.

Затоа, и натаму ќе правам сѐ за да не откријам нешто што не сакам да го знам.“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум експерт за интимни односи и сум спиела со повеќе од 400 клиенти - Како изгледа мојата работ... „Мојот прв клиент беше неверојатна личност која цел живот се чувствувала многу с...
Жена (50) од Велика Британија за тајната на бракот со 31-годишниот сопруг: „Клучот е силното либидо“ По 4 години брак, Каролин Станбери (50) ужива во интимноста со поранешниот фудба...
„Јас сум горда спонзоруша, сакам богати мажи кои ќе се грижат за мене - и таков партнер си избрав“ „Ако тоа што сакам партнерот добро да се грижи за мене и да ме разгалува, ме ети...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...

Најчитани неделава