Самохрани мајки живеат заедно со децата како семејство за да ги намалат трошоците: „Не сме во врска, не ни требаат партнери“

Лорен и Саманта од Нов Зеланд се млади самохрани мајки кои решиле да живеат заедно како семејство. Тие не се пар, туку најдобри пријателки, и велат дека овој начин на живеење им помага да заштедат многу пари, но и значително им ги олеснува мајчинските обврски.

samohrani-majki-zhiveat-zaedno-so-decata-kako-semejstvo-za-da-gi-namalat-troshocite-ne-sme-vo-vrska-ne-ni-trebaat-partneri-01.jpg

Само затоа што една жена е самохрана мајка, не значи дека мора да живее сама и сама да се грижи за детето.

Ова најдобро го покажуваат Саманта Бест и Лорен Робинсон од Нов Зеланд – две млади самохрани мајки кои се и најдобри пријателки, а кои одлучиле да живеат заедно.

Врската на 24-годишнта Саманта и 26-годишната Лорен е платонска, но тие и нивните деца живеат како едно семејство во куќа што ја изнајмуваат заедно.

„Лорен и јас сме неразделни. Се вселивме во куќата во мај годинава. Многу е полесно откако живеам со Лорен. Ги делиме парите и си помагаме една со друга со децата.

Ако едната е зафатена, другата ќе ги земе децата од училиште. Или, ако едната треба да оди некаде, другата ќе се грижи за нив“, вели Саманта за New York Post.

Синот на Саманта има четири години, а ќерката на Лорен – пет.

Саманта имала 5-годишна врска со таткото на синот, но во 2021 година се разделиле. Таа вели дека по разделбата ѝ било особено тешко.

„Имав многу проблеми пред да почнам да живеам со Лорен. Ми беше тешко да му обезбедам удобен живот на синот. Градот во којшто живееме е скап и бев многу осамена и исплашена“.

Младата мајка открива дека нејзиното семејство ѝ ја дало целата поддршка за оваа одлука.

Двете жени велат дека и нивните деца се многу посреќни откако живеат заедно.

„Бев тажна бидејќи синот беше сам, но сега е многу поразлично. Постојано ја копира ќерката на Лорен. Научи да вози велосипед бидејќи таа возеше“, открива Саманта.

Засега Лорен и Саманта не се соочиле со никакви проблеми и велат дека живеењето со најдобрата пријателка е вистински благослов.

„Дефинитивно треба да живеете со вашата најдобра пријателка ако имате можност. Вселувањето со некоја личност е голем чекор, но ако веќе се согласувате одлично, ќе ви биде многу полесно и ќе заштедите многу пари“, вели Саманта.

Таа открива и дека неретко луѓето мислат дека се пар.

„Многумина мислат дека сме во врска, постојано нè прашуваат за тоа, но дефинитивно не сме. Засега ниту една од нас не бара партнер. Ниту една од нас не планира да се пресели.

Всушност, сега планираме да заштедиме пари за да си купиме наша куќа“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Потресни сведоштва од несреќата со возови во Шпанија: „Гледав како луѓето умираат, а јас не можев да... „Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Друго детенце ја бараше мајка си. ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...

Најчитани неделава