Жена која пред 51 година била киднапирана од дадилката, конечно ги најде родителите (фото)

Благодарение на ДНК анализите обезбедени од компанија во САД што им овозможува на луѓето да ги најдат своите предци, 53-годишна жена конечно го најде своето семејство, откако на возраст од 1 година и 10 месеци била киднапирана од дадилката – за неа ова е божиќно чудо.

zhena-pred-51-godina-bila-kidnapirana-od-dadilkata-konechno-gi-najde-roditelite-foto-01.jpg

Мелиса Хајсмит (53) од Тексас, САД била киднапирана во 1973-та година, на возраст од речиси 2 години, од страна на една жена што се претставила како дадилка, а израснала како Мелани Мијоко.

zhena-pred-51-godina-bila-kidnapirana-od-dadilkata-konechno-gi-najde-roditelite-foto-02.jpg

По 51 година и по направениот ДНК тест таа конечно ги запозна своите блиски и дозна дека целиот живот нејзиното семејство трагало по неа.

Таа за американските медиуми ја раскажува својата тажна приказна, и вели дека детството со жената што ја киднапирала воопшто не било лесно.

zhena-pred-51-godina-bila-kidnapirana-od-dadilkata-konechno-gi-najde-roditelite-foto-03.jpg

Пораснала на само 10 минути пешачење од домот од каде што била киднапирана, а со жената што ја израснала никогаш не биле блиски.

„Целото време додека бев таму, имав тешко детство.

Не смеев да излезам надвор и да си играм и таа постојано ме штитеше. Ми велеше дека причината заради која ме заштитува е затоа што сум била родена дома и дека имам оштетување на мозокот.

Се прашував: ’Зошто ме родила, кога не ме сакала?‘“ – вели таа.

zhena-pred-51-godina-bila-kidnapirana-od-dadilkata-konechno-gi-najde-roditelite-foto-05.jpg

Кога била тинејџер, Мелиса побегнала од дома, а вели дека од пред неколку дена во целост ја прекинала комуникацијата со жената што ја израснала.

Нејзиното биолошко семејство никогаш не се откажало од потрагата по загубеното девојче, но нејзината мајка Алта Апантенко (73) вели дека потрагата долга 51 година воопшто не била лесна:

„Моето семејство веруваше дека таа сè уште е жива и јас сакав да верувам, но многупати се разочарав па затоа овојпат им реков да не ме мешаат.

Им реков на другите да прават што сакаат но да не ме мешаат. Јас сакав да заборавам, но тие не се откажуваа“ – вели мајката.

zhena-pred-51-godina-bila-kidnapirana-od-dadilkata-konechno-gi-najde-roditelite-foto-04.jpg

Сестрите и братот на Мелиса, Ребека (48), Викторија (47), Шерон (45) и Џеф (42) се обиделе со помош на ДНК анализи да ја најдат својата сестра, а потоа ја нашле на Фејсбук и побарале од неа да се најдат.

Мелиса досега се видела со нејзините родители, како и со братот Џеф и сестрата Викторија, а со другите членови на семејството ќе се запознае за претстојните празници.

„Се радувам на тоа што конечно ќе ги запознаам сите. Ќе биде потребно да се навикнам на тоа дека имам толку големо семејство, откако пораснав сосема сама“ – вели Мелиса.

zhena-pred-51-godina-bila-kidnapirana-od-dadilkata-konechno-gi-najde-roditelite-foto-06.jpg

Инаку, членовите на нејзиното семејство сега бараат начин жената што ја киднапирала да биде казната, иако според законите во Тексас, делото се смета за застарено затоа што од денот на киднапирањето се поминати повеќе од 48 години.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жена (50) од Велика Британија за тајната на бракот со 31-годишниот сопруг: „Клучот е силното либидо“ По 4 години брак, Каролин Станбери (50) ужива во интимноста со поранешниот фудба...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Потресни сведоштва од несреќата со возови во Шпанија: „Гледав како луѓето умираат, а јас не можев да... „Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Друго детенце ја бараше мајка си. ...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...

Најчитани неделава