Силно невреме во Солун и голем дел од Грција - поплавени улици, искорнати дрвја и затворени училишта (фото)
- Детали
- четврток, 01 декември 2022
Неколку општини во Грција останале без струја и вода, а училиштата на островот Скопелос се затворени поради силното невреме што зафати голем дел од државата, вклучувајќи го и Солун.
Многу области во Грција, вклучувајќи го и Солун, се зафатени од силна бура наречена Ариел која на некои места предизвика и прекини на електричната енергија.
Грчките медиуми споделуваат дека покрај прекините на електрична енергија, некои општини останале и без вода.
Силните ветришта предизвикале материјална штета, а пожарникарите веќе биле на терен за да ги отстранат паднатите дрвја.
Жителите добиле предупредување за бурата уште вчера – 30-ти ноември – а грчките медиуми споделуваат дека интензитетот на бурата ќе биде голем и денес.
Покрај Солун, бурата зафатила дури и дел од Крит, додека на островот Скопелос била донесена одлука за затворање на основните и средните училишта бидејќи дел од нив почнале да се поплавуваат.
На Фејсбук страницата Live from Greece, неколку корисници споделија и фотки од штетата што ја предизвикала бурата.
Дел од нив се од Платамона, а дел од Солун:
Спирова С. | Црнобело / фото: Фејсбук
Би можело да ве интересира:





