„Кога бев болна го замолив дечко ми да ми купи лек за настинка - бараше веднаш да му вратам пари“
- Детали
- вторник, 06 декември 2022
Дали вие би биле во врска со некој што очекува да му вратите 30 денари за Парацетамол? „Дечко ми ми купи лек за настинка, а следното утро ми побара да му ги вратам парите“ – раскажува оваа девојка и вели дека таа негова постапка била причина да стави крај на 4-годишната врска.
Луѓето споделуваат најразлични приказни на социјалните мрежи.
Некои од нив привлекуваат повеќе внимание од останатите, а таква е и приказната на оваа девојка која раскажува како заради една непромислена постапка одлучила да му раскине на дечкото со кого била во врска 4 години.
Видеото на Џеки Ли на ТикТок во кое ја раскажува случката со нејзиниот поранешен дечко во моментов има над 5,5 милиони прегледувања, а видеото беше одговор на една тема што се шири на ТикТок, за тоа кои се најчудните работи за кои партнерите им побарале да им вратат пари на апликацијата за размена на пари Venmo.
„Еднаш навистина се чувствував болно и го замолив моето момче од тој период да ми купи лек за настинка кога ќе се враќа дома. Па откако заврши со работа отиде до аптека и ми купи лекови.
Тоа навистина беше љубезно од негова страна и го ценев. Но, следното утро видов дека ми испратил барање на Venmo да му вратам 7 долари за лекот“ – раскажува таа.
По ова Џеки појаснува зошто потоа одлучила да ја прекине врската и да стави крај.
„Мислам дека сакам да бидам во врска каде јас ќе купам нешто сега, а тој ќе купи нешто следниот пат и не сакам да водиме сметка за тоа колку пари сме потрошиле еден за друг.
Требаше да знам. Но ете, не сме заедно повеќе, па значи не требало ниту да бидеме“ – вели таа.
Погледнете го видеото:
@jackieli852 #stitch with @jacklyn.fit ♬ original sound - jackieli852
До нејзиното видео се најдоа повеќе коментари од жени што имале такви случки кога нивните партнери им барале да им вратат ситни суми од најразлични причини.
Така една девојка откри дека поранешниот партнер ѝ побарал 2,99 долари затоа што морал да купи дополнителна течност за брисачи додека го возел нејзиниот автомобил, а друга открива дека побарал да му врати пари за едно авокадо што го купиле заедно додека земале состојки за вечера.
Дали сметате дека во врската партнерите треба веднаш да си ги враќаат парите и да водат сметка кој колку потрошил?
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





