Жена живее од социјална помош, но троши вртоглави суми за скапи подароци за синот – јавноста ја критикува
- Детали
- среда, 07 декември 2022
„Најразгаленото дете од Англија“ има златна Versace цуцла, не пие вода од чешма и се бања со млеко и мед - мајка му живее од социјална помош.
Синот на 32-годишната Кејси Акрам веќе е познат како „најразгаленото дете во Англија“ во британските медиуми.
Синчето Џарим има само две години, но мајка му троши огромни суми за да му купува скапи играчки и облека.
Кејси не е вработена и за Daily Mail вели дека добива и социјална помош, а поради ова честопати е критикувана и од јавноста, и од поранешниот партнер - таткото на Џарим.
За овој Божиќ, Кејси вели дека синчето ќе добие подароци во вредност од над 2.500 долари кои вклучуваат облека од брендот Burberry и патување на Канарските Острови.
Мајката тврди дека штеди за подароците уште од мај годинава.
„Подароците се скапи но почнувам да купувам подароци уште во мај. Купувам малку по малку. Имам систем за штедење. Јас давам околу 1.000 долари, а татко му ми ги дава останатите пари.
Се надевам дека на Божиќ синчето ќе има 100 подароци – сакам целиот под да биде со подароци“.
Мајката вели дека нејзиното пошироко семејство не го прославува Божиќ, па за време на празникот главниот фокус е на нејзиниот син.
Сепак, таа истакнуваа дека сака да го научи синот да ги цени парите, па заедно одат да донираат подароци за деца без родители и сиромашни семејства.
„Подаруваме шалови, чорапи, сапуни и им ги даваме на бездомните луѓе. Синчето има избрано и неколку подароци за добротворни организации, за да им помогнеме на оние со ниски приходи да добијат подароци“.
Пред неколку месеци Кејси изјави дека не го разгалува синот само за празничната сезона туку му купува скапи подароци во текот на целата година.
Според неа, најскапите работи што ги поседува синчето се ланче од Versace, белегзија со дијаманти, па дури и златна цуцла за која платила неверојатни 1.000 долари.
„Како што се роди, станав опседната со него. Тој е прекрасно момче и изгубив многу пријателки бидејќи целото време го минувам со него. Јас си купувам облека на старо. Би одела и гола само за тој да има сè.
Што и да посака, му купувам, а ако не можам да си го дозволам, го барам татко му да ми даде пари. Моментално не сум вработена и добивам социјална помош, како и финансиска помош од поранешниот партнер – таткото на Џарим“.
Кејси вели дека го бања синчето со млеко и мед неколкупати неделно, а го носи и во козметички салони.
Не му дозволува да пие вода од чешма и го храни само со органска храна.
„Никогаш се нема напиено вода од чешма. Не знае како изгледа обичен бел леб, а сите велат дека има префинет вкус за храна“.
Кејси вели дека има размислувано и за периодот кога синот ќе порасне и ќе си најде девојка:
„Го прашувам дали кога ќе си најде девојка, а таа нема да ме сака, ќе ја избрка од дома. И тој ми вели да. Татко му ми вели дека кога ќе порасне и ќе си најде партнерка, ќе се исели од дома, но јас му велам дека тоа нема да се случи. Едноставно, ќе си купиме два кревета во истата соба и ќе спиеме таму“.
Очекувано, Кејси се соочува со многу критики, најмногу бидејќи добива социјална помош, а парите ги троши за луксузни подароци.
Некои, пак, истакнуваат дека со овој начин на воспитување, само ќе му го уништи животот на детето.
„Јас сум мајка, вработена со полно работно време и едвај можам да му купам облека на синот од продавници како H&M. Нешто не е во ред со системот. Би сакала и јас да добивам социјална помош како неа, па да можам да тргам пари настрана за синот да има нешто во иднина“.
„Таа троши илјадници долари за подароци од социјална помош, а постојат млади родители кои работат и едвај можат да купат храна, а не па подароци за децата“.
„Детето сигурно не ја знае разликата помеѓу скапи и евтини подароци. Ова е фрлање пари“.
Што мислите за воспитувањето на оваа мајка – дали е во ред што го разгалува синот, дури и кога не може да си дозволи, или сепак го учи на погрешни лекции?
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





