Жена си ги истетовирала очите и сега го губи видот: „Требаше да ја послушам ќерка ми дека ќе ослепам“
- Детали
- четврток, 08 декември 2022
32-годишната Анаја од Ирска си ги истетовирала очите и покрај предупредувањата од нејзината ќерка, па сега има проблеми со видот и најверојатно ќе ослепи.
Тетовирањето на белката на окото не само што изгледа бизарно за многумина, туку е и мошне опасно, а 32-годишната Анаја од Ирска го научила ова на потешкиот начин.
Анаја Питерсон, која е мајка на пет деца, била инспирирана од австралискиот модел Амбер Лук која си ги истетовира очите во 2019 година.
Анаја била свесна за можните ризици, бидејќи и самата Амбер откри дека три недели имала проблеми со видот откако ги истетовирала очите.
Амбер Лук
Анаја си го истетовирала десното око во јули 2020 година и веднаш почнала да чувствува симптоми како главоболки и сувост во очите.
Но, била убедена дека тоа е „нормален дел од процесот на закрепнување“, па во декември истата година го истетовирала и другото око.
Поминале неколку месеци и наводно Анаја немала никави компликации. Но, во август минатата година ѝ се појавиле големи отоци на очните капаци.
Отоците само се влошувале, по што Анаја отишла во болница каде што ѝ препишале антибиотици.
Исто така, таа три дена примала комбинација од лекарства за да ѝ се смири воспалението и вели дека сега нејзиниот вид се влошува.
Анаја сподели дека нејзината 7-годишна ќерка ја предупредила за последиците, кажувајќи ѝ дека се плаши дека ќе ослепи.
„Сакав да го тетовирам само едното око и си помислив ако ослепам, барем ќе ми остане другото. Ќерката ми велеше дека не сака да се тетовирам. Ме прашуваше што ако ослепам. Но јас воопшто не ја слушав“.
„Кога почнаа да ми отекуваат очните капаци, состојбата само ми се влошуваше. Изгледав како да сум имала боксерски меч со Мајк Тајсон“.
Иако лекарите успеале да ги спасат очите на Анаја, таа сега има проблеми со видот, како и зголемен ризик од појава на глауком.
„Однадвор немам ништо. Но, на раб на слепило сум, Повеќе немам добар вид. Не можам да распознавам лица и предмети на далечина. Ако не си ги истетовирав очите, ќе ги немав овие проблеми.
А, не можам да ги отстранам овие тетоважи. Секогаш ќе го имам овој проблем. Мислам дека како што стареам, можеби најдобро ќе биде да ослепам“.
„Ако можам да се вратам назад во времето, би направила само една тетоважа на окото и толку“.
Анаја цели дека сега редовно се соочува и со критики поради непромислената одлука, но пробува да ги игнорира.
„Има и позитивни, и негативни коментари. Но, негативните се секогаш побројни“.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





