Прослава за откривање на пол на дете заврши бизарно со експлозија - кој беше погрешниот потег на таткото? (видео)

Млад пар речиси предизвика пожар во нивниот дом за време на прослава за откривање на полот на нивното дете, откако таткото проба да „пукне“ балон со оган – балонот бил полн со запалив гас, па во просторијата настана мала, но страшна експлозија.

bizarna-proslava-za-otkrivanje-na-polot-na-deteto-mazh-predizvika-eksplozija-vo-domot-otkako-zapali-balon-poln-so-zapaliv-gas-video-01.jpg

Откривањето на полот на бебето е важен миг за сите (идни) родители, но некогаш прославите по овој повод одат во крајности.

Изминативе година-две, многу е популарно спектакуларно откривање на полот на детето со огномети, балони, па дури и боење водопади.

Проблемот e што неретко родителите не размислуваат за последиците, па прославата завршува во хаос или, уште полошо, со трагедија.

Деновиве на Инстаграм се појави уште едно бизарно видео од прослава за откривање на полот на детето.

Иако, за среќа, прославата не завршува со пожар или повредени, од видеото е јасно дека било потребно малку за да настане голема штета.

bizarna-proslava-za-otkrivanje-na-polot-na-deteto-mazh-predizvika-eksplozija-vo-domot-otkako-zapali-balon-poln-so-zapaliv-gas-video02.jpg

На видеото се гледаат маж и бремена жена, а пред нив лебди голем црн балон.

Обично балоните за овие прослави имаат конфети со сина и розова боја – во зависност од полот на детето – а родителите ги „пукаат“ со игла или остар предмет.

Но, во видеото, таткото се обидува да го пукне балонот со оган.

Покрај хелиум, кој е незапалив гас, некогаш балоните се полнат со водород. Иако и водородот прави балонот да лебди, тој е многу запалив, па не е препорачливо да се користи за оваа намена.

Балонот на видеото најверојатно бил полн со водород, па поради оганот, во просторијата настанува мала, но страшна експлозија.

Во коментарите на објавата, луѓето ги критикуваат родителите, а некои не се воздржуваат да кажат и по некоја саркастична шега:

„Па, кој е полот на детето?“

„Некој ги прескокнувал часовите по хемија“.

„Зошто не го пукнале со игла? Палите балон во вашиот дом, што мислевте дека ќе се случи? Зарем немате двор или нешто слично?“

„Кој мислел дека ова е добра идеја, и тоа во затворен простор? Мило ми е што не си ја запалија куќата“.

Погледнете и: Хаос на забава за откривање на полот - ќе се загушелe и мајката и гостите од розовиот чад (видео)

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
„Продадовме сè за да патуваме низ светот и се вративме дома за 6 месеци – реалноста е поразлична од ... „Седиме на убава плажа, но јас морам да се вклучам на состанок. Одиме на кафе во...
„Трошам 200.000$ дневно на себе“ - Домаќинка од Дубаи се фали со парите од сопругот Линда Андраде (27) е богата домаќинка од Дубаи. Нејзината приказна е како сценар...
„Ќерка ми загина неколку дена пред 3-иот роденден, врз неа падна комода од 30kg – родители бидете по... „Се случи многу брзо и многу тивко. Се случи нешто незамисливо. Вината и срамот ...
Застрашувачка сцена: Огромна лавина се движи кон скијачи во ски-центар во Италија (видео) На драматична снимка се гледа како се формира снежна лавина во ски центар во Ита...

Најчитани неделава