Ги стиска забите и незадоволно гледа во неа – Дали Меган успеа видно да го вознемири Хари со непочитта кон баба му Елизабета? (видео)

Начинот на кој таа го раскажува целиот настан во голема мера е критикуван во дел од светските медиуми, а британските медиуми ја обвинуваат затоа што се „потсмева“ со кралицата и кралскиот протокол.

„Ова е засрамувачки, бидејќи се потсмева на протоколот и – никој не ѝ се поклонува на кралицата така и не верувам дека некој би ја советувал тоа да го направи така.

Хари знае дека поклонувањето е кратко наведнување на главата и се потклекнува за да се покаже почит кон владетелот.

Очигледно станува збор за културолошка разлика. Така би се поклонила само ако играш во ‘Снежана’“ – вели авторот Џајлс Брандрет кој долги години пишува за кралското семејство.

Од друга страна пак, голем број од оние што го погледнаа документарниот филм се сконцентрирани и на реакцијата на Хари додека Меган раскажува како за првпат ја запознала баба му, а експертите за говор на телото во таа реакција препознаваат силна негативна емоција: срам или страв.

„Тој е сериозен додека Меган возбудено раскажува што се случило, но не гледаме некаква поврзаност или емпатија од негова страна. Тој е сериозен и помалку гневен, погледнете што се случува со неговото грло, во тој момент голта.

gi-stiska-zabite-i-nezadovolno-gleda-vo-nea-dali-megan-uspea-vidno-da-go-voznemiri-hari-vo-dokumentarniot-film-video-06.jpg

Во погледот кон Меган се забележува незадоволство и во друг момент се врти и притиска со забите. Можеби се срами, можеби е гневен, но сигурно може да се забележи емотивна реакција и не му се допаѓа тоа што го прави Меган“ – вели експертот за говор на телото Хесус Енрике Росас на неговиот YouTube канал.

Инаку, вторите три епизоди од Harry and Meghan ќе бидат објавени на 15-ти декември, а според најавата од трејлерот ќе имаме можност да дознаеме повеќе за неговиот однос со брат му Вилијам, но и со останатите членови во кралското семејство.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
Хари и Меган зад кралските завеси – таа храбро објави невидени кадри од свадбата, страсни бакнежи и ... За 8-та годишнина, Меган и Хари не се кријат, напротив, таа храбро објави невиде...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
„Син ми тежи 14kg на 6 месеци – ме критикуваат дека му давам премногу храна, не го собира во количка... Кога жена го родила своето четврто бебе, тоа имало просечна тежина од околу 3,2 ...
Абортирала поради него, ја терал да спие со Ерос Рамацоти за да направи еротски фотки - Бурната љубо... Поранешниот сопруг, познат и како „крал на папараците“ во Италија, продавал нејз...

Најчитани неделава