Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Бизарно: Жена се венчала со затвореник кој отслужува 20-годишна казна за силување

Џема од Шкотска се венчала со Лајонел – маж кој отслужува 20-годишна казна затвор за силување. Тие се запознале онлајн и сега се надеваат дека Лајонел ќе биде ослободен порано, а двајцата тврдат дека ја имаат целата поддршка од нивните семејства. Бизарно, зарем не?

bizarno-zhena-se-venchala-so-zatvorenik-koj-otsluzhuva-20-godishna-kazna-za-siluvanje-01.jpg

Џема Васкез која живее во Глазгов, Шкотска, за Daily Mail откри дека стапила во брак со маж кој отслужува 20-годишна казна затвор за силување.

Сопругот Лајонел ја отслужува казната во Вирџинија, САД, односно на растојание од над 5.000 километри од Џема.

bizarno-zhena-se-venchala-so-zatvorenik-koj-otsluzhuva-20-godishna-kazna-za-siluvanje-03.jpg

Силувачот Лајонел бил затворен во 2011 година, а Џема се надева дека ќе биде ослободен во наредните 3-4 години поради добро однесување во затворот.

„Љубовта може да се роди без разлика кои сте. Тој, едноставно, ме исполнува“, открива 31-годишната Џема за Daily Mail.

Парот се запознал преку мајката на Лајонел која е професорка по шпански – Џема одела кај неа на часови.

Најпрво тие се допишувале онлајн, а во април минатата година, Џема отишла во Вирџинија за да го посети.

bizarno-zhena-se-venchala-so-zatvorenik-koj-otsluzhuva-20-godishna-kazna-za-siluvanje-06.jpg

Таа останала во САД повеќе од еден месец и имала дозвола да го гледа Лајонел три часа секоја недела.

„Уште имам пеперутки во стомакот секогаш кога ќе ми се јави или кога ќе ми напише порака. Се поврзавме веднаш бидејќи имаме иста смисла за хумор.

И двајцата сакаме музика од 90-тите и ги сакаме истите филмови. Никогаш не очекувате вашиот живот да добие ваков пресврт. Отсекогаш мислев дека ќе најдам дечко овде, во Шкотска“.

bizarno-zhena-se-venchala-so-zatvorenik-koj-otsluzhuva-20-godishna-kazna-za-siluvanje-04.jpg

И затвореникот вели дека е пресреќен со сопругата:

„Одамна копнеев по некој кој ќе ме сака таков каков што сум. Но, секогаш се прашував кој воопшто би ме сакал мене. Никогаш нема да го заборавам денот кога Џема ми ја испрати првата порака. Ја прочитав барем десетпати.

Беше совршено. Имавме толку многу заеднички нешта. Знаев дека ја најдов мојата сопруга“.

Три месеци по првата средба во живо, Лајонел ја побарал Џема за жена преку телефон.

Тие планирале да се венчаат на Нова година, но затвореникот решил да ја изненади. Па, кога таа била во САД во декември минатата година, тој ја пречекал со свештеникот кој ги венчал.

Џема открива дека на церемонијата присуствувале и двајца стражари кои им дозволиле да се бакнат.

bizarno-zhena-se-venchala-so-zatvorenik-koj-otsluzhuva-20-godishna-kazna-za-siluvanje-05.jpg

Џема не открива што мисли за злосторството на сопругот, но тврди дека има поддршка од семејството. Таа вели дека сакаат да живеат во Шпанија или Мексико откако Лајонел ќе биде пуштен на слобода.

„Се надеваме на добра иднина. Навистина не знаев како ќе функционира нашата врска бидејќи тој е затворен толку далеку од мене, но ете, се вљубивме“.

И Лајонел едвај чекал да го почнат заедничкиот живот:

„Откако се венчавме, секој ден ми е како бајка. Целосно сум посветен на љубовта на мојот живот и се чувствувам благословено што ја имам“.

bizarno-zhena-se-venchala-so-zatvorenik-koj-otsluzhuva-20-godishna-kazna-za-siluvanje-02.jpg

Очекувано, приказната на Џема предизвика лавина коментари:

„Со среќа девојко, ќе ти треба“.

„Значи, таа и осудениот силувач си живееја среќно засекогаш? Што ли мислела…“

„Какви пеперутки во стомакот… Зошто некој би сакал да се сретне со силувач?“

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто многу мажи во Јапонија им ја даваат целата своја плата на жените? Голем дел од мажите во Јапонија веруваат дека нивните сопруги добро и одговорно ...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Сопругот ми плаќа по 100 долари неделно за да чистам и да готвам - Зошто ова ми е најдобрата работа... Според оваа млада Американка, тоа што жените бараат мажите во домот да ги завршу...
Бизарно: Маж стана вирален хит - шета секси близначки на синџир Тој си ги шета на синџир, си ги носи на шопинг во Chanel, тие си јадат сладолед ...
Се школувал под лажно име, не смеел сам да оди ни во тоалет: Тажниот живот на синот на Доналд и Мела... По барање на мајка му Меланија, неговото име и лик не смееле да се спомнат на со...
Се вљубила во шеикот на Дубаи, кога останала бремена ја оставил за друга – Животот на Нивин Ел Гама,... По само 2 години нивната бајка се претворила во кошмар. На телевизија видела дек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg