Инспирација на денот: Од девојче родено без дланки и стапала до бодибилдерка (фото)
- Детали
- четврток, 02 февруари 2023
„Како мала ја прашував мајка ми: ‘Чекај, каде се другите деца како мене, зошто сум поинаква?, а мајка ми ми велеше: ‘Девојче мое, сите ние сме родени различни однадвор, но исти одвнатре.’“ Ванеса од Австралија е инспирација на денот!
Ванеса Калафори (34) од Австралија се родила без дланки и стапала и страдала од хронична болка уште од најмала возраст.
Потоа ѝ ставиле простетички нозе, а Ванеса открива дека и тоа болело многу и тоа секојпат кога ѝ ги ставале.
Ванеса вели: „Како мала ја прашував мајка ми: ‘Чекај, каде се другите деца како мене, зошто сум поинаква?, а мајка ми ми велеше: ‘Девојче мое, сите ние сме родени различни однадвор, но исти одвнатре.’“
Но, токму болката ја натерала Ванеса да почне да вежба и да бара спас, а тогаш тренерите ја охрабриле да крева и поголеми тежини.
„Кревањето тегови без дланки бара посебен тип на креативно размислување и модификации“, вели таа.
Со помош на тренерите успеала во тоа, а наскоро се пријавила и на бодибилдинг натпревар.
„Иронијата е што не сакав луѓето да ми судат за моето тело, а се пријавив на бодибилдинг натпревар, каде се оценува токму тоа.
Кога почнав со интензивни тренинзи, ми се кршеа простетичките нозе и имав низа проблеми.
Кога гледам сега наназад сфаќам колку луд чекор беше тоа, но и огромно постигнување.
Мајка ми беше воодушевена од силата што ја имав и од способноста да ја надминам болката. Горда беше на моите постигнувања, иако на почетокот беше скептична“, вели Ванеса.
Ванеса во периоди од животот паузира од бодибилдингот поради големата, хронична болка, но нејзиното мото е никогаш да не вели никогаш и дека можно е некогаш повторно да се натпреварува.
Вистинска инспирација, зарем не?
Повеќе фотографии од неа на следната страна...
Би можело да ве интересира:





