Фотките од станот на љубовницата на Путин се хит на социјалните мрежи: „Доказ дека со пари не се купува вкус“

„Ова е доказ дека сите пари на светот не можат да ти купат вкус“ - стои во дел од коментарите за фотографиите што поранешната љубовница на Владимир Путин, Светлана Кривоногих ги објави на интернет. Погледнете како изгледа денес домот на хигиеничарката со која Путин наводно добил дете пред 19 години.

fotkite-od-stanot-na-ljubovnicata-na-putin-hit-na-socijalnite-mrezhi-dokaz-deka-so-pari-ne-se-kupuva-vkus-01.jpg

За приватниот живот на рускиот претседател Владимир Путин се знае малку, но тоа не ги спречува светските медиуми да шпекулираат за наводните љубовници со кои тој имал тајни врски.

fotkite-od-stanot-na-ljubovnicata-na-putin-hit-na-socijalnite-mrezhi-dokaz-deka-so-pari-ne-se-kupuva-vkus-03.jpg

Официјално се знае дека со поранешната сопруга Људмила, Путин има 2 ќерки Марија и Катерина, но се шпекулира дека со поранешната љубовница Светлана Кривоногих ја добил Елизавета Кривоногих, попозната како Луиза Розова (19).

fotkite-od-stanot-na-ljubovnicata-na-putin-hit-na-socijalnite-mrezhi-dokaz-deka-so-pari-ne-se-kupuva-vkus-04.jpg

Прочитајте и Факти за „тајното“ дете на Владимир Путин, Луиза Розова: Мајка ѝ води клуб со еротски шоуа, наполни 18 години

Деновиве во руските медиуми се појавија фотографии од станот на поранешната љубовница на Путин, Светлана, а коментарите за него се најразлични.

fotkite-od-stanot-na-ljubovnicata-na-putin-hit-na-socijalnite-mrezhi-dokaz-deka-so-pari-ne-se-kupuva-vkus-02.jpg

Имено, сите се збунети од тоа како некогашната хигиеничарка Светлана дошла до богатство од над 88 милиони долари на сметката, а фотографиите од нејзиниот дом предизвикаа лавина од реакции на социјалните мрежи.

„Изгледа како да треба да се изнајмува на час“, „Овој стан е злосторство“, „Ова е доказ дека ниту сите пари на светот не можат да ти купат вкус“, „Ужасно и кич, но барем има светлина“, „Зошто го ставиле телевизорот на радијаторот?“ – стои во дел од коментарите.

Фотографиите од домот на Светлана се објавени на веб страна на компанија за изнајмување на недвижности во Санкт Петерсбург во Русија, а станот се изнајмува по цена од 700.000 рубљи (околу 9.000 евра) месечно.

Наводно, поранешната љубовница на Путин го купила станот во 2004-та година, односно непосредно по раѓањето на тајното дете на Путин, а денес се проценува дека чини околу 300 милиони рубљи (над 3, 7 милиони евра).

fotkite-od-stanot-na-ljubovnicata-na-putin-hit-na-socijalnite-mrezhi-dokaz-deka-so-pari-ne-se-kupuva-vkus-13.jpg

На социјалните мрежи најмногу внимание привлече италијанската дизајнерска фотелја што треба да наликува на гасеница и е прекриена со златен материјал.

Станот има 4 ката, со лифт што меѓусебно ги поврзува, 3 спални соби, 5 тоалети, бар, домашно кино, гаража – но многумина се сложни дека ретко кој би прифатил да живее во ваков кич.

Повеќе фотографии на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Си го сменила презимето и побегнала во Париз: Која е тајната ќерка на Владимир Путин? Владимир Путин нема потврдено, но не ни негирал дека има 22-годишна ќерка која ј...
Фудбалерот Нејмар чека петто дете со жената на својот живот - која ја изневери 92 пати и ѝ направи д... И додека таа на својот Инстаграм профил го покажува раскошниот животен стил и се...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Најстарата жена во светот има 116 години: Се родила кога владеел пра-прадедото на кралицата Елизабет... Со своите 116 години, Етел од Англија е најстарата жена во светот. Се родила пре...
„Живеам од социјална помош бидејќи ми е стресно да работам – си купив куќа и ги зголемив градите, не... Жена од Англија 23 години живее од социјална помош бидејќи, како што вели, полес...
Принцот Ендру е уапсен на неговиот 66-ти роденден поради случајот со Џефри Епстин - наводно издавал ... Денес (19.02) братот на кралот Чарлс беше уапсен поради сомнеж за злоупотреба на...

Најчитани неделава