11-ти Октомври не е само празник, туку ден на храброста и копнежот за слобода - ден на нашата борба

Денешниот празник 11-ти Октомври не е само неработен ден на кој со задоволство ќе отпатуваме некаде за да прошетаме, туку ден на храброста. Ден на пожртвуваноста и копнежот за слобода. Ден на љубовта кон татковината. Ова е ден на борбата. На нашата борба. Не само денес и не само на овој празник, туку постојано. Ние сме народ кој постојано се борел за да ја добие својата правдина и да си ја пронајде среќата. Така било на денот на востанието, а така е и денес.

heroite-si-go-napravija-delot-sega-na-nas-mladite-e-redot-cestit-praznik-makedonija-01.jpg

Додека стојам пред еден споменик посветен на силната борба на Македонецот, се прашувам кои сме ние?

Не сме ни букви, ни бројки, ниту некаква комбинација од двете. Сите сме толку исти, но сепак различни. На крајот, сепак сме само една материја која се распаѓа и скапува, но зад таа материја стои идејата на Македонецот.

Стои неговата борба и пожртвуваност да го изгради својот дом сплеткан во мрежата на непријателот. Би направил сè доколку може, само да ја каже каузата на глас без да го сопрат.

Поврзани заеднички со иста крв и со исти срцеви вибрации го празнуваме секој празник посветен на нашата татковина. На хероите кои од својата снага направиле железен панцир за да ги одбијат рафалите на непријателот.

heroite-si-go-napravija-delot-sega-na-nas-mladite-e-redot-cestit-praznik-makedonija-02.jpg

Херојска крв капнала, и света земја бакнала.

Револвер високо во небо се вивнал, херојот слобода за Македонија викнал.

Тоа беше борба за Македонија жешка, за револуционерите не беше тешка,

тие за нас историја направиле и со тоа сите нас нè поздравиле.

Патуваме низ времепловот и ги следиме чекорите на хероите. Се сеќаваме на местата на кои се пролеала македонската крв за слобода. На бестрашноста и непокорливоста која тие ја имале.

Затоа ја подигнале и „Могилата на непобедените", затоа ѝ оддале чест на жената борец во Тетово, го подигнале и споменикот на „Паднатите за слобода" во Скопје и Куманово.

heroite-si-go-napravija-delot-sega-na-nas-mladite-e-redot-cestit-praznik-makedonija-03.jpg

Се собрале браќа домот свет да си го спасат,

направиле план на непријателот огнот да го згасат.

Во место одбрано наши браќа за татковината се борат,

за ослободување на Македонија зборат.

Мислам дека е време да ја отвориме богатата ризница која ја поседуваме и да се запознаеме со нашата историја. Да му дадеме живот на спомениците кои стојат во Прилеп и Куманово.

Цвеќето кое го положуваме на нивните бисти за нив не значи ништо, туку нашето знаење за тоа што тие направиле за нас. Со славењето на нивното име преку нашиот глас ќе им докажеме дека нивното седење на плоштадите во градовите не е бесцелно, туку напротив ја претставува нашата гордост.

heroite-si-go-napravija-delot-sega-na-nas-mladite-e-redot-cestit-praznik-makedonija-04.png

Денешниот празник не е само неработен ден на кој со задоволство ќе отпатуваме некаде надвор да прошетаме, туку ден на храброста. Ден на пожртвуваноста и копнежот за слобода. Ден на љубовта кон татковината. Ова е ден на борбата. На нашата борба.

Ја пишувам оваа песна во нивна чест, ќе ја чувам Македонија – тоа е важна вест.

Подај ми ја раката, ќе се бориме против на непријателот гневот,

заедно ќе го навеземе на Македонија везот,

да покажеме колку сме братски сложни, додека го славиме денот,

бидејќи хероите си го направија делот, сега на нас младите е редот.

heroite-si-go-napravija-delot-sega-na-nas-mladite-e-redot-cestit-praznik-makedonija-05.jpg

Не само денес и не само на овој празник, туку постојано. Ние сме народ кој постојано се борел за да ја добие својата правдина и да си ја пронајде среќата. Така било на денот на востанието, а така е и денес.

По многу години поминати од тогаш, нас нè ни останува ништо друго освен вечно да го чуваме нивниот спомен – да живееме сложно и да го чуваме она што нам ни го оставиле. Да знаеме што тие направиле и за што се бореле.

Честит 11-ти Октомври!

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Б. | Црнобелo / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

И во Македонија има шефови кои се пример за вработените и среќни сме поради тоа Тие не сметаат дека тоа што се избориле да стигнат до оваа позиција им дозволува...
„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...
Александра П. Илиевска за CRNOBELO лексикон: „Си го прифатив носот кој долго планирав да го оперирам... „Додека носев шишки ме прашаа кое тенџере е примерокот по кој ме шиша фризерот“,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg