„Ако те чеша лева рака ќе земеш пари“ и уште 11 народни верувања кои ни ги пренесоа бабите

Кога икате - некој ве озборува, а ако ве чеша окото - ќе видите некого... Кои се народните верувања во вашиот крај, кои ви ги пренеле вашите мајки и баби?

ako-te-chesha-leva-raka-kje-zemesh-pari-i-ushte-11-narodni-veruvanja-koi-ni-gi-prenesoa-babite-a-se-popularni-i-denes-01.jpg

Бабите, но и нашите мајки често имаат логични објаснувања за некои „нелогични“ работи, но ние веруваме во нив.

Скоро и да не постои некој што нема да ви каже дека ќе земе пари бидејќи го чешала левата рака, или дека некој го озборува затоа што му се зацрвениле ушите.

Колку и да делуваат наивно и неверојатно, овие народни верувања кои се пренесуваат со генерации се супер забавни, па најверојатно сите ние ќе ги пренесеме на генерациите после нас.

Дали сте слушнале за сите овие верувања? Какви други постојат во вашиот крај? 

ako-te-chesha-leva-raka-kje-zemesh-pari-i-ushte-11-narodni-veruvanja-koi-ni-gi-prenesoa-babite-a-se-popularni-i-denes-03.jpg

1. Ако ве чеша носот - ќе се скарате со некого.

2. Ако икате - некој „ве зборува“.

3. Ако ве чеша окото, тогаш ќе видите некого.

4. Ако ве чеша ногата - ќе патувате.

5. Кога ве чеша лева рака, ќе земете пари.

6. А, ако ве чеша десната, тогаш ќе давате пари.

ako-te-chesha-leva-raka-kje-zemesh-pari-i-ushte-11-narodni-veruvanja-koi-ni-gi-prenesoa-babite-a-se-popularni-i-denes-02.jpg

7. Ако ви се зацрвенат ушите - некој ве озборува.

8. Ако ви зујат ушите - ќе слушнете некој глас.

9. Ако ви „игра“ окото - ќе видите некој или ќе се случи нешто лошо.

10. Ако ви падне трепка на лицето - замислете си желба.

11. Ако ви падне виљушка или нож на земја - ќе ви дојдат гости.

12. Ако ставите чинија плус на масата, ќе дојде некој неповикан.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
„Држи мe цврсто за рака“: Приказна за љубовта меѓу ќерката и таткото „Ако јас те држам за раката и нешто ми се случи, големи се шансите да ти ја пушт...
„Мајка донирала бубрег за да го спаси своето дете“ – Една од приказните за храброста на мајките од м... Мајка го донирала бубрегот за да го спаси своето дете, друга не се откажала од б...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg