Ученици му се смееја на професорот за погрешниот одговор, а тој им одржа животна лекција

Професор им одржа животна лекција на своите ученици: „И да направите милион добри работи, пак ќе ве критикуваат за едната работа што ќе ја згрешите“.

uchenici-mu-se-smeeja-na-profesorot-za-pogreshniot-odgovor-a-toj-im-odrzha-zhivotna-lekcija-01_copy_copy.jpg

Дури и да направите многу работи како што треба, луѓето ќе ги занемарат, но ќе ја забележат единствената ваша грешка...

Професор напиша 10 математички равенства на таблата:

9х1=7 
9х2=18
9х3=27
9х4=36
9х5=45
9х6=54
9х7=63
9х8=72
9х9=81
9х10=90

Кога заврши, ги погледна учениците и забележа како сите му се смеат, бидејќи одговорот на првото равенство беше погрешен.

uchenici-mu-se-smeeja-na-profesorot-za-pogreshniot-odgovor-a-toj-im-odrzha-zhivotna-lekcija-02.jpg

Откако ги остави да се изнасмеат, професорот им рече:

„Намерно го напишав првиот одговор погрешен, затоа што сакав да научите нешто важно.

Сега гледате како ќе ве третираат луѓето насекаде во светот.

Како што гледате, јас напишав 9 точни решенија, но никој од вас не ми честита за тоа. Сите ми се смеевте и ме критикувавте за едната единствена работа што ја згрешив...

Затоа, научете ја оваа лекција: Светот никогаш нема да го цени доброто, дури и да го направите милион пати, но ќе ве критикува за единствената работа што ќе ја згрешите.

Но, не се обесхрабрувајте и секогаш издигнете се над исмевањето и критиките. Бидете силни!

Во срцето и душата верувајте дека сте способни за големи работи во животот.

И запомнете, единствената работа што може да ви застане на патот сте вие самите“.

Извор

Би можело да ве интересира:

„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
Откако станав мајка, многу работи ми се пеколно тешки, но никогаш повеќе не сум се смеела до солзи Откако станав мајка добив таков огромен товар на неочекувани обврски и незамисли...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
Најважните работи што ги научив до 30+ години, живеејќи во Скопје Луѓето во Македонија се скржави за комплименти. И да сте најдобрите, најистакнат...
„Некултурата на мајка во Градски парк ме разочара - Скопје мое, каде погрешивме?“ Одејќи утрово накај работа, се разминав со млада мајка која туркаше насмеано дев...
Татјана Стојановска за CRNOBELO лексикон: „Сакав да бидам професорка кога ќе пораснам“ „Мој соученик од основно ми беше прв симпатија, но го немам видено од 8 одделени...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg