Игор Стефановски Иџе за CRNOBELO лексикон: „Се плашам од брзина и кога некој друг ме вози“
16. Најголема беља што си ја направил во детството?
Уф, имало многу, но можеби тоа што без дозвола на родителите сум ја земал колата на мои 10 години.
Денес, од оваа дистанца, сум апсолутен противник на тоа.
17. Дали некогаш си се степал?
Да, сум се тепал во тинејџерските години.
Дури имаше и период кога тренирав бокс и навистина бев проблематично дете во однос на тоа.
18. За која твоја навика потајно се надеваш дека никој не ја забележува?
Можеби тврдоглавоста којашто ја имам како човек, ама па како последица на тоа ги имам постигнато сите овие успеси.
19. Ако имаш времеплов, во кое доба би сакал да се вратиш?
Не би се враќал никаде, уживам во времето во коешто живеам.
Можеби на моменти посакувам да сум тргнат од Македонија, од овој дел од Балканот, бидејќи е навистина токсичен на моменти, но периодот во кој живеам не би го менувал.
20. Што немаш, а би сакал да имаш?
Имам сè што сакам и благодарен сум на Бога што досега ми дал сè што требало, во моментот кога ми требало.
21. Од што се плашиш?
Се плашам од брзина. Ако кажам дека се плашам од брзина и дека имам многу страв кога ме вози некој, ќе ви биде чудно, но тоа ми е еден од најголемите стравови. Од брзина и од висина.
22. Која ти беше прва симпатија? Знаеш ли каде е денес и што прави во животот?
Се сеќавам, тоа беше во градинка. Не ми текнува како се викаше, не знам кај живее денес, но памтам дека во тоа време ме тепаше.
Добро се сеќавам на тоа, трауми имав зашто ме тепаше, а јас сум ја сакал (ха-ха).
23. На која песна откачуваш во кафеана?
О, не, не сум таков човек за да откачам во кафеана. Во такво издание нема да ме видите.
24. Најдобро потрошени пари во животот?
Сè е поврзано со автомобилизмот, тркачките коли, во тој дел и не жалам, бидејќи, навистина тоа е мојот живот.
25. Кое е најубавото место на светот?
Порто во Португалија. Тоа е градот кој не знам колкупати сум го посетил, а секое одење ми остава толку силен впечаток, што можеби во иднина би живеел таму.
26. Кој е најсмешниот комплимент што некогаш си го добил?
Искрено, не можам да се сетам.
27. Една работа за која се каеш во кариерата/животот...
Што сум дозволил многу луѓе на кои сум им верувал и кои сум ги почитувал, кои сум ги сакал бескрајно - на крајот да ме изиграат. И што ме повредиле на некој начин.
28. Што си помисли по првиот бакнеж во животот?
На првиот бакнеж не се сеќавам, но после првиот бакнеж со сопругата знаев дека таа е жената на мојот живот.
29. Од што се срамеше најмногу во детството?
Не се срамев од ништо, но имав страв дали ќе бидам успешен во тоа што го правам во животот и дали ќе ги исполнам очекувањата.
Што би го прашал сопственикот на овој лексикон?
Иџе: Од каде ви е енергијата да го правите сето ова на еден навистина фантастичен начин, бидејќи само малкумина кај нас си ја работат работата толку добро?
CRNOBELO.com: Без лажна скромност, во нашата екипа секој има своја силна страна.
А кога сето тоа ќе се спои, со нашата глад за убави приказни, позитивни вести и адреналинот кој го имаме и после долги години - ете ги и енергијата и нашата формула за успех.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





