Игор Стефановски Иџе за CRNOBELO лексикон: „Се плашам од брзина и кога некој друг ме вози“
- Детали
- петок, 02 мај 2025
„Сум се тепал во тинејџерските години. Дури имаше и период кога тренирав бокс и навистина бев проблематично дете“, напиша во лексиконот на CRNOBELO.com, тројниот шампион во ридски трки, Игор Стефановски - Иџе.
Автомобилизмот и брзините (од кои вели дека се плаши) на Игор Стефановски Иџе му биле во крвта уште од дете.
Доказ за тоа е што на 10-годишна возраст, без знаење на родителите, ја 'крадел' колата и ја возел низ планинското село Горна Белица, од каде што потекнува неговиот татко, а денес Иџе има своја викендичка.
За себе вели и дека бил проблематично дете и дека често се тепал.
Иџе се потпиша во нашиот лексикон и искрено одговори на неколку интересни прашања:
1. Како се викаш и дали имаш прекар?
Игор Стефановски - Иџе. Тоа ми е прекар од детството.
2. Колку години имаш и што си во хороскоп?
Роден сум на 27.12.1982 година и имам 42 години. Во хороскоп сум Јарец, подзнак Водолија.
3. Која ти е омилена песна? А пејач и пејачка?
Немам омилена песна, ни пејач или пејачка. Уживам во сите типови на музика.
4. А омилена книга?
Читам многу, сакам книги. Најчесто се тоа психолошки и книги и книги поврзани со спортска тематика, но немам една омилена.
5. Омилен глумец, глумица, филм, серија?
Како глумци дефинитивно би ги одвоил Тони Михајловски и Игор Џамбазов, но немам омилен филм или серија.
6. Имаш ли омилен спорт, клуб, спортист? За кого навиваш?
Омилен спорт ми е автомобилизмот, без тоа не би можел да се замислам.
Во делот на трките како омилен спортист би го одвоил Аиртон Сена.
7. Имаш ли милениче? Како се вика?
Имам бишонче, се вика Бела. Има 3 години и навистина ни го разубави животот откога е кај нас дома.
8. Која е најчудната/најсмешната порака што си ја добил на Инстаграм?
Секојдневно добивам пораки - и чудни, и смешни и интересни, некогаш дури и тажни, но не можам да одвојам една посебно.
9. Што сакаше да бидеш кога ќе пораснеш?
Иџе 2.
10. Кој ти е омилениот пијалак? А храна?
Вода. А храна пасти и пици - италијанската храна ја ставам на врвот.
11. Кој ти е најдобар другар/ка? Колку долго се дружите?
Уф, ова ми е слаба точка во моментов.
Немам другар или другарка, но имам навистина блиски пријатели коишто би ги избројал на една рака, а тие се луѓе кои ми се значајни во животот.
12. Каков ученик беше? Кој ти беше омилен предмет?
Среден - ниту добар ни многу лош. Физичко ми беше омилен предмет.
13. Кој ти е идол (а да не е позната личност)?
Би ги одвоил моите родители, особено мајка ми.
Таа е жена на која ѝ се восхитувам бидејќи има една борбеност во неа која ми ја пренела и ми ја дава во текот на мојата кариера, ми дава поттик за сите овие успеси.
14. Кога би можел да си лик од цртаните, кој лик би сакал да бидеш?
Интересно прашање. Џери, затоа што е снаодливо глувче кое цело време прави работи за да биде доминантен во однос на Том.
15. Кои ти беа најомилени игри во детството?
Џамлии и возење велосипед. Секојдневно возев велосипед, во тоа уживав.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





