Сакис ме шармираше, Дима Билан глумеше ѕвезда - Петпати бев на Евровизија, какви спомени носам?
Со Тоше се дружев во Истанбул, двапати го интервјуирав Сакис Рувас - во Турција и Русија, а го запознав и светскиот моден креатор Жан Пол Готје - и ова се само дел од причините зошто Евровизија секогаш ми прави топлина околу срцето.
Евровизија со години наназад ми е омиленото музичко натпреварување.
Фактот што од 2004 до 2009 имав можност петпати да отидам во земјата домаќин и да ја доживеам целата возбуда и зад сцената, само прави секој мај да ме фаќа носталгија и да посакам да сум повторно таму (особено кога ќе видам како некои од луѓето што ги запознав во тоа време и понатаму одат секоја година).
Евровизиски клуб во Москва 2009
Факт е дека Евросонг одамна не е ист како порано. Една година е подобар, друга полош, ни зад сцената веќе не е исто со сите правила и промени, но секоја година, од почетокот на мај, па до евровизиското финале, ми станува топло околу душичката и со нетрпение ги чекам трите фестивалски вечери.
А Евросонг е многу повеќе од тоа - две недели забава, проби и подготовки на учесниците, но големо дружење на новинарите и фановите.
И создавање пријателства, кои кај мене, траат и преку 20 години.
Дин од Босна и Херцеговина, Истанбул 2004
Мојата прва Евровизија беше во 2004 во Истанбул со Тоше. Во тоа време работев во тинејџерското списание „ТАА“, па и денес се сеќавам на моментот кога ми кажаа дека ќе одам во Турција.
А од таму се сеќавам на секој детаљ, моментите поминати во дружење со Тоше, со нашата делегација, забавата на отворањето, каде што се појави Руслана во елегантен црн фустан, сосема различна од она што беше на сцена со нејзиниот „див танц“.
По ова, бев и на Евросонг во Атина 2006, во Хелсинки 2007, Белград 2008 и Москва 2009.
Alex Swings Oscar Sings од Германија, Москва 2009
Од сите овие години, тешко ми е да одвојам најнајсеќавања, но ова се дел од нив:
Влезот на Тоше во финалето во Истанбул, на ден пред мојот роденден.
Тамара Тодевска во Истанбул пееше придружни вокали, но се подготвуваше и за матура.
Таму си купи портокалови сандали со големи „штрасови“, но се испостави дека едниот „скапоцен камен“ е оштетен, па пред финалето заедно со неа одевме дури до азискиот дел на градот, во мол, за да ги смени.
Жељко Јоксимовиќ го сретнав двапати на Евровизија - прво во Истанбул кога ја пееше „Лане моје“, а потоа и во Белград, кога беше водител на шоуто.
Истанбул 2004
Белград 2008
Во Истанбул се подружив и со момците од бендот Athena.
А ако не можете да се сетите кои се на прва (а и нивните ликови не ви се познати), тие ја испеаја песната For Real, која и денес кај нас се пее на свадби и свирки.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





