Сакис ме шармираше, Дима Билан глумеше ѕвезда - Петпати бев на Евровизија, какви спомени носам?
Но, затоа го запознав Жан Пол Готје, еден од моите омилени дизајнери, кој таа година ја направи креацијата на грчката претставничка Ана Виси.
Во холот на хотелот „Хајат“ прво ни кимна мене и на колешката Слаѓана, па ни пружи рака да се поздравиме, а потоа отиде на прес.
Среде Белград, во близина на „коњот“ го сретнав и босанскиот претставник Лака.
Се фотнавме со сладоледите во раце, а тој искоментира: „Ајде да видиме кому му е поголем“.
Мојата последна Евровизија беше во Москва 2009, каде што за Македонија пееја Некст тајм.
На официјалното отворање го застанав за интервју Александар Рибак, кој таа година и победи, а потоа и се сретнавме неколкупати на бројните настани што се случуваа во главниот град на Русија.
Стефан и Мартин од Некст тајм секогаш беа расположени за фотографирање и изјави.
Меѓу оние со кои комуницирав многу беше и српскиот претставник Марко Кон.
Дури бев и на „утринска гимнастика“ со него и неговиот тим, кога пејачот се појави во бела маичка „синдикалка“.
Но, најќеф ми беше што вторпат направив интервју со Сакис, зашто таа година се однесуваше како ѕвезда, па скоро и да не даваше интервјуа и генерално комуницираше со грчките новинари.
Но, кога еден ден дојде во прес-центарот, само се затрчав накај него, го фатив за рака и му реков: „Сигурно не се сеќаваш, но се запознавме во Истанбул“ - и потоа беше лесно, 3-4 прашања и широка насмевка.
И додека го пишувам ова, уште еднаш сфаќам дека ја обожавам Евровизија, но и дека би сакала барем уште еднаш да отидам во некој град-домаќин за одблизу да бидам сведок на сите убавини што ги нуди, колку низ годините и да се сменети работите.
Прочитајте и Тоше ми пееше „Happy Birthday“ среде Истанбул на Евровизија 2004 – Никогаш нема да го заборавам овој роденден
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





