Сакис ме шармираше, Дима Билан глумеше ѕвезда - Петпати бев на Евровизија, какви спомени носам?
Посебен впечаток таа година ми остави Сакис, кој важеше за еден од фаворитите, а беше неверојатно љубезен и пријатен за разговор.


Во Атина 2006 ги запознав девојките од Las Ketchup, кои таа година ја претставуваа Шпанија, но поминаа прилично лошо, иако беа дојдени како вистински ѕвезди.

Таму се дружев со Елена Ристеска, а некој дури и ми искоментира дека си личиме (баш и не) и ме прашаа дали сме сестри.

Меѓу фаворитите во Атина беше Русинот Дима Билан, па со Ангела, колешката од „ТАА“, го сретнавме во евровизискиот клуб и ја искористивме можноста и за интервју и за фоткање.
Една од тие фотографии се најде и на неговиот официјален веб сајт.


Хелсинки 2007 беше приказна за себе - студено во мај, а многу топли луѓе и убави спомени.
Сарбел од Грција, Хелсинки 2007
Меѓу оние со кои имав можност да поразговарам беше и диџеј Бобо, пејачот кој во 1990-те беше вистинска светска ѕвезда, а го испеа хитот Everybody.
Но, како и многу други ѕвезди, ни тој не се прослави премногу на Евровизија.

Во Хелсинки имав кратка средба со Каролина Гочева, нашата претставничка таа година, но, затоа со Александар Дадар, кој беше дојден како нејзин шминкер, бевме на едно убаво крстарење по финските острови близу Хелсинки.

Евровизија во Белград 2008 не ја доживеав како Евровизија, најверојатно затоа што во српската метропола се чувствував како дома.
Имав кратка средба со Тамара Тодевска, Врчак и Адријан Гаџа.

Овој пат не успеав да стигнам до Дима Билан, за кого беше јасно дека ќе победи, па „се криеше“ сè до моментот кога со победничкиот пехар дојде на прес конференција со новинарите.

Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“
Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
„Сонце се гледаме“ - Последните зборови што ми ги кажа Тоше неколку дена пред несреќата и денес ми о...
„На прес-конференција Тоше требаше да го најави концертот на 5 октомври. Доцнеше...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија...
„Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
„И по 27 години ми одѕвонува во глава пеењето на Тоше на нашата прва средба - се сеќавам на секој де...
Од денешен аспект, сфаќам дека таа сабота, 6 март 1999 година, за мене е „голема...
Александар Митевски за CRNOBELO лексикон: „Малку ми е незгодно кога во кафеана ќе засвират и некоја ...
„Една работа за која се каам во кариерата се политички кампањи и политика. Со го...
