Симона Поповска за CRNOBELO лексикон: „Ми кажале дека имам глас како пудинг од ванила“
- Детали
- петок, 22 август 2025
„Како мала обожавав да истражувам и да си поставувам цели. И бев решена да се искачам на едно високо дрво на кое поголемите деца се качуваа. Се качив, но кога дојде момент да слезам, завршив неславно на една од гранките и висев надолу, додека не дојде татко ми да ме симне“ - напиша Симона во лексиконот на CRNOBELO.com.

Симона Поповска, долги години е дел од јавната сцена кај нас.
Таа е посветена мајка на две деца, сопруга, а истовремено гради и успешна кариера и во областа на музиката и во областа на медицината.

Симона се потпиша во нашиот лексикон и ни откри интересни работи за себе:
1. Како се викаш и дали имаш прекар?
Симона. А прекари? Ме викаат Моне или Мон Бонбон
2. Колку години имаш и што си во хороскоп?
Имам 33 години, родена сум на 27 март 1992 и сум вистински Овен - тврдоглава, но со големо срце.
3. Која ти е омилена песна? А пејач и пејачка?
Тешко е да изберам една.
Од странските, Ariana Grande и The Weeknd.
А од регионалните артисти, ја почитувам Сенида за храброста во изразот.

4. А омилена книга?
„Тајната“ - секогаш ме потсетува на моќта на мислата.
5. Омилен глумец, глумица, филм, серија?
Глумец - Иан Сомерхалдер , серија - Game of Thrones.
Филм – What If и Tristan & Isolde.
6. Имаш ли омилен спорт, клуб, спортист? За кого навиваш?
Обожавам уметничко лизгање. Не сум фан на клубови, но секогаш навивам за креативност и стил.

7. Имаш ли милениче? Како се вика?
Да, куче (tea cup yorkie), името и е Сињорина.
8. Која е најчудната/најсмешната порака што си ја добила на Инстаграм?
Сакав да испратам voice порака со дел од нова песна - само брзо демо со импровизација - ама по грешка ја пратив на пациентка што чекаше термин за естетска процедура.
Таа само ми врати: ‘Прекрасен глас, докторке… ама кога ќе ми се освежи ботоксот?’ Од тогаш трипати проверувам пред да испратам нешто.
9. Што сакаше да бидеш кога ќе пораснеш?
Пејачка, доктор, мајка и волшебна вила - денеска сум првите три, четвртото зависи од денот.

10. Кој ти е омилениот пијалак? А храна?
Кафе! И mac and cheese со печен зеленчук.
11. Кој ти е најдобар другар/ка? Колку долго се дружите?
Двете мои сестри.
12. Каков ученик беше? Кој ти беше омилен предмет?
Одличен ученик со уметничка душа. Омилен предмет - македонски јазик, музичко и природа и општество.

13. Кој ти е идол (а да не е позната личност)?
Мојата мајка - нежна и силна.
14. Кога би можела да си лик од цртаните, кој лик би сакала да бидеш?
Бел од „Убавицата и ѕверот“ –-љубопитна, храбра и со големо срце.
15. Кои ти беа најомилени игри во детството?
Криенка, библиотекарка, учителка, докторка, обожавав да бојам, да редам сложувалки и, секако, правење мини концерт на моите кукли.

