Симона Поповска за CRNOBELO лексикон: „Ми кажале дека имам глас како пудинг од ванила“
16. Најголема беља што си ја направила во детството?
Па многу обожавав да истражувам и да си поставувам цели. Така, еден ден бев решена да се искачам на едно дрво кое беше високо и ми беше предизвик, а гледав како поголеми деца го искачуваат.
Кога се осетив доволно храбра, се решив да го искачам и кога дојде момент да се симнувам завршив неславно на една од гранките и висев надолу, додека не дојде татко ми да ме симне. Уметност, нели?
17. Дали некогаш си се степала?
Само со зборови - и тоа многу елегантно.
18. За која твоја навика потајно се надеваш дека никој не ја забележува?
Кога пеам сама низ дома со измислени текстови.

19. Ако имаш времеплов, во кое доба би сакала да се вратиш?
18-ти век, кога жените носеле корсети, раскошни фустани со слоеви и шетањето во градини или сали било дел од секојдневието.
20. Што немаш, а би сакала да имаш?
Мало приватно музичко студио во природна идила.
21. Од што се плашиш?
Па, веројатно од инсекти.

22. Кој ти беше прв симпатија? Знаеш ли каде е денес и што прави во животот?
Некаде е… веројатно сè уште не знае дека ми беше симпатија, зашто тоа е моја слатка тајна.
23. На која песна откачуваш во кафеана?
Уф, ретко излегувам во кафеани, ама во таков амбиент - „Свадба е голема“.
24. Најдобро потрошени пари во животот?
На едукација.

25. Кое е најубавото место на светот?
За мене моментално мојот Охрид.
26. Кој е најсмешниот комплимент што некогаш си го добила?
Имаш глас како пудинг од ванилa...
27. Откриј ни една тајна…
Свирам виолина - многу малку знаат.

28. Што си помисли по првиот бакнеж во животот?
Ова ли беше тоа?
29. Од што се срамеше најмногу во детството?
Во детството се срамев ако ме испрашуваа, а не го знаев одговорот - ми изгледаше како крај на светот.
Што би го прашала сопственикот на овој лексикон?
Симона: Кој ви е омилен пејач/ка од македонската музичка сцена - и зошто?
CRNOBELO.com: Ќе ни поверуваш ако ти кажеме - сите? Во канцеларија најчесто слушаме македонска музика, нова и ретро, и уживаме...

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
