Мартија Станојковиќ за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив - Еј, ова е супер“
- Детали
- петок, 05 септември 2025
„Најголемата беља во детството беше тоа што си ја објавив симпатијата на Фејсбук, па добив казна од 6 месеци без телефон“ - напиша Мартија Станојковиќ во нашиот лексикон.

Пејачката Мартија Станојковиќ за најблиските е - Маки. Со нив сака да се дружи, смее, да ги споделува сите моменти од животот.
Сепак, највисоко на пиедесталот ѝ се наоѓа мајка ѝ, за која вели дека ѝ е и најдобра другарка, и идол.
За работите за кои жали во животот, што би сакала да има - а нема, но и зошто би сакала да се врати во времето на „Пинкови ѕвездички“ - ни откри во лексиконот на CRNOBELO.com.
Прочитајте што напиша Мартија:
1. Како се викаш и дали имаш прекар?
Јас сум Мартија Станојковиќ, прекарот ми е Маки.
2. Колку години имаш и што си во хороскоп?
Имам 21 година, Овен сум со подзнак Рак, родена сум на 7 април 2004, на Благовец.
3. Која ти е омилена песна? А пејач и пејачка?
Омилена ми е песната што ја спремам моментално.
Лејди Гага ја сакам од дете, а омилен пејач немам, се менува често.

4. А омилена книга?
„Ти си ѕвер“ од Џен Синсеро.
5. Омилен глумец, глумица, филм, серија?
Во последно време Том Круз, од актерките ја сакам Џенифер Лоренс.
Омилен филм ми е Inception.
6. Имаш ли омилен спорт, клуб, спортист? За кого навиваш?
Не сум многу талентирана за спорт, но почнав да земам часови по тенис и тоа ми е многу интересно.
Почнав и да гледам тенис, а навивам за Синер.

7. Имаш ли милениче? Како се вика?
Имав милениче, но веќе го немам. Се викаше Бела.
8. Која е најчудната/најсмешната порака што си ја добила на Инстаграм?
Има многу чудни пораки, но најчудни се можеби кога ми праќаат податоци за себе - кои се, што се, што работат и дека бараат жена.
9. Што сакаше да бидеш кога ќе пораснеш?
Животно прашање... Артист.

10. Кој ти е омилениот пијалак? А храна?
Сакам кафе и медитеранска храна.
11. Кој ти е најдобар другар/ка? Колку долго се дружите?
Дефинитивно на прво место е мајка ми, таа е мојата најдобра другарка, а имам и најдобра другарка, Аријана, со која што се дружам 5-6 години.
12. Каков ученик беше? Кој ти беше омилен предмет?
Во основно бев одличен ученик и омилен предмет ми беше математика.
За средно не можам да го кажам истото, ха, ха.

13. Кој ти е идол (а да не е позната личност)?
Мајка ми.
14. Кога би можела да си лик од цртаните, кој лик би сакала да бидеш?
Многу го сакав цртаниот „12 принцези“, па некоја од нив.
15. Кои ти беа најомилени игри во детството?
Ластик, игравме тоа пред зграда.

