Мартија Станојковиќ за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив - Еј, ова е супер“
16. Најголема беља што си ја направила во детството?
За мене најголемата беља беше тоа што си ја објавив симпатијата на Фејсбук, па добив казна од 6 месеци без телефон.
17. Дали некогаш си се степала?
Не.
18. За која твоја навика потајно се надеваш дека никој не ја забележува?
Дека многу сакам да поминувам време во тоалет ха, ха, ха.

19. Ако имаш времеплов, во кое доба би сакала да се вратиш?
Можеби во минатото, во времето кога почнав да пеам, за да ги гледам работите од страна.
20. Што немаш, а би сакала да имаш?
Милениче, можеби. И албум, ама работам на него во моментов.
21. Од што се плашиш?
Се плашам од инсекти.

22. Кој ти беше прв симпатија? Знаеш ли каде е денес и што прави во животот?
Тој што го објавив на Фејсбук.
За него не знам каде е, ама знам за мајка му, зашто се слушнавме пред некое време на телефон сосема случајно, по грешка, ха, ха.
23. На која песна откачуваш во кафеана?
Одамна не сум била во кафеана. А песна: „Литар крви“ од Аца Пејовиќ.
24. Најдобро потрошени пари во животот?
За храна и за музика.

25. Кое е најубавото место на светот?
Дома.
26. Кој е најсмешниот комплимент што некогаш си го добила?
Дека имам смешна фаца. Со другарка ми си се смеевме една на друга и се прашуваме зошто не можеме да престанеме да се смееме.
И јас ѝ велам: „Затоа што имаш смешна фаца“, а таа ми кажа: „Па и ти имаш смешна фаца“...
27. Една работа за која се каеш во кариерата/животот...
Не се каам за ништо во принцип, но можеби што не пробав уште малку во Америка.

28. Што си помисли по првиот бакнеж во животот?
„Еј, па ова било супер“.
29. Од што се срамеше најмногу во детството?
Работев многу, па не размислував на тие работи. Не се срамев од ништо.
Што би го прашала сопственикот на овој лексикон?
Мартија: Од каде желбата да работите толку комплицирана работа?
CRNOBELO.com: Искрено, нема ништо полесно од новинарство ако си ја сакаш работата, ако немаш срам и ако се водиш од тоа дека секоја информација треба да е проверена, а секој соговорник третиран со почит. За нас, нема поубава работа од оваа.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
