Приказна - Тајната на богатењето

Некогаш одамна еден алчен богаташ изнајмил врвен математичар. Богаташот барал математичарот да му пронајде формула за стекнување на најголем можен профит во сите бизниси кои ги водел.

prikazna-tajnata-na-bogatenjeto

Неговиот сон бил со злато и скапоцени камења да го наполни огромниот сеф кој тукушто го направил по сопствени инструкции.

Математичарот го држел затворен во работната соба додека не се уверил дека овој изнашол решение.

Една ноќ тој се појавил кај богаташот со голема насмевка на лицето: „Ја пронајдов формулата!’ – рекол „Моите пресметки се совршени“. Богаташот морал утредента да појде на пат и немал време да го сослуша математичарот. Му ветил само дека ќе му плати двојно повеќе ако се согласи да ги води неговите бизниси додека е тој отсутен, применувајќи ја новата формула. Математичарот воодушевено ја прифатил понудата.

Кога по неколку месеци се вратил богаташот од пат, сфатил дека целиот негов посед едноставно го снемало. Бесен како рис, веднаш отишол кај матемтичарот да побара објаснување. Математичарот ладнокрвно му кажал што направил. Целото негово богатство им го поделил на луѓето. Богаташот не можел да им поверува на сопствените уши, но математичарот продолжил со своето објаснување.

„Со месеци анализирав како еден богат човек може максимално да заработува, но сè што работев беше ограничено. Постои граница колку еден човек може сам да оствари. Потоа сфатив дека клучот е во тоа повеќе луѓе да ни помогнат во остварување на целта. Затоа заклучив дека помагањето на другите е најдобриот начин да направиме поголема корист.“

Богаташот бил бесен на самиот себе сфаќајќи дека изгубил сè што стекнал благодарение на шемата од лудиот математичар. Но, одејќи наоколу како мува без глава, покажувајќи загриженост неколку соседи му пришле да му помогнат. Сите тие добиле помош додека математичарот експериментирал со богатството на очајниот човек. Тие чувствувале исклучителна благодарност кон богаташот, па му понудиле гостопримство во своите куќи и сè што би можело да му  затреба на така посебен човек. Соседите дури почнале да се препираат кој прв ќе му помогне.

Во наредните неколку дена, богаташот ги видел размерите на она што го смилсил математичарот. Каде и да отидел ќе го дочекале со исклучителни почести и сите биле расположени да му помогнат на сите начини. Сфатил дека благодарение на тоа што повеќе нема ништо, добил многу, многу повеќе.

Благодарение на новата ситуација, успеал бргу да започне нови и успешни бизниси, но овој пат ги следел инструкциите на својот математичар. Повеќе своето богатство не го чувал само за себе и далеку од луѓето. Наместо тоа го делел сето она што го имал со стотици познаници чии срца ги претворил во најсигурен, најблагодарен и најплоден сеф на светот.

Да не заборавиме, сè што делиме со другите ќе ни се врати, кога тогаш, во облик кој можеби воопшто не го очекуваме. 

Би можело да ве интересира:

Не беше тука за мене, ама можам само да ти кажам – благодарам што ме остави сама... Не беше тука за мене кога се плашев, но можам само да ти кажам благодарам што ме...
Некои луѓе се чудо - знаат сè за сите, кој се скарал, кој кого оставил, кого го расипале парите Некои луѓе се навистина неверојатни… Сѐ знаат – за сите. Знаат кој се скарал, ко...
Пријателке, бегај од луѓе кои носат мрак во себе! Пријателке, бегај од луѓе кои носат мрак во себе. Ти си светлина, но прифати дек...
„На крајот од животот, успех не е тоа колку си имал, туку колку светлина си оставил зад себе“ „Човекот не се памети само по тоа што го направил, туку по тоа како се чувствува...
Преживеав нешто што никогаш не мислев дека ќе го преживеам и сега не ми можеш ништо „Навистина ништо не можеш да ми направиш. Ниту денес, ниту утре, ниту некогаш. П...
Српски писател: „Девојка ми префрли 50 евра на сметка - разговорот со мене ѝ помогнал повеќе од псих... „Понекогаш сè што треба е да бидеш подготвен да се отвориш и луѓето да ти с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg