Престанете да чекате! Бидете среќни!

Една позната мудрост вели: „Животот е она што се случува, додека ти правиш планови за него“. Ви се случува ли често да гледате низ прозорецот, да ја следите капката дожд како се лизга по прозорецот со апатичен поглед и да мислите дека светот е бескрајно досадно место за живот?

prestanete-da-cekate-bidete-srekni-01

Се будите ли наутро со скришен поглед кон прозорецот и со надеж дека Сонцето денес посилно ќе свети од вообичаено? А тоа дури ви се чини дека е и помрачно од обично и дека уште пред да започне ова ќе биде уште еден ужасен ден?

И така секој ден, вие чекате сонцето да светне посилно за да ви го разубави денот, па поминуваат денови, недели и месеци... сè додека не почувствувате дека животот ви заминува во неповрат, а вие сè уште стоите и чекате вистински момент за да почнете да уживате во него и да го живеете во целост.

prestanete-da-cekate-bidete-srekni-2

Постепено сфаќате незабележително и несвесно, како по навика стоите и чекате сè да помине и тоа ви дава бескрајно разочарување и замор.

Се прашувате кога конечно ќе почне вашиот вистински живот? Оние прекрасни, незаборавни моменти поради кои вреди да се проголтаат сите солзи и навреди, да ја надминете сета горчина, да ја затворите таа страница, да го закрпите скршеното срце и да погледнете напред.

prestanete-da-cekate-bidete-srekni-3

Веќе сте ги заборавиле и своите цели и мотивации во животот, чекајќи нештата да се случат некогаш. Заборавате и што навистина сте сакале. Ја пропуштате суштината.

Ги пропуштате сите мали работи кои ви ги исполнуваат деновите. Додека стоите и чекате да се случи нешто големо за да бидете среќни, пропуштате насмевки, погледи, изгревањето и заоѓањето на сонцето, мирисите во природата, дружењата со пријателите, забавите, љубовните спомени, емоциите кои вреди да се доживеат колку и да ви се чинат негативни за да научите важни лекции.

Ја пропуштате сегашноста чекајќи ја иднината. Го пропуштате денешниот ден, чекајќи да дојде утре. Така, еден ден ќе сфатите дека чекајќи да ви почне животот, всушност напразно ви поминал.

prestanete-da-cekate-bidete-srekni-1

Затоа:

Не чекајте да дојде тој ден, направете го денешниот ден поинаков. Запрете го дождот, растерајте ги облаците од вашите мисли и внесете си го вашето сонце.

Престанете да чекате. Бидете креатори на сопствената среќа. Не ја чекајте таа да дојде по вас. Многумина трчаат по неа.

Станете господари на сопствениот живот и уредете го по ваша желба. Онака како што вам ве прави најсреќни. Правете го она што вистински ве исполнува. Кажете го тоа што го мислите и чувствувате.

Дружете се со оние кои вие сакате. Одете на места кои сакате да ги посетите. Поставете си цели. Остварете предизвици.

Нема поголемо задоволство од исполнување на некоја желба, остварување на сон без разлика на сите препреки. Нека не ве запира ништо. Сè зависи од вас!

Живејте го животот денес и во секoј момент.

Не чекајте. Бидете среќни!

Би можело да ве интересира:

„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
Некои луѓе се чудо - знаат сè за сите, кој се скарал, кој кого оставил, кого го расипале парите Некои луѓе се навистина неверојатни… Сѐ знаат – за сите. Знаат кој се скарал, ко...
За пријателот кој за еден живот одживеа како за три наредни и беше светлина која допре сечиј живот..... Тој не „земаше“ од животот, буквално грабаше од него и секогаш ќе ми речеше „Жив...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg