Омилени детски игри: Сте играле „Расипан телефон“, „Штркот бара боја“?

Се сеќавате ли како мали кога си шепотевте зборчиња и се кикотевте или кога трчавте по улица криејќи се или се фаќавте за ограда, дрво, облека, само за да ја погодите бојата?

omileni-detski-igri-ste-igrale-rasipan-telefon-strkot-bara-boja-01

Измислувавте бои кои не постојат во реалноста туку само во вашата фантазија?

Сигурно уживавте ако спроти вас седи симпатијата, па намерно го вртите шишето кон него за да ве бакне токму таа.

Сите овие игри се дел од најубавите детски спомени на кои со радост се сеќаваме.

За денешните деца кои немаат вакви идеи или за повозрасните кои сакаат да се потсетат, прочитајте некои од најинтересните или дополнете ако се сеќавате на некоја друга.

„Расипан телефон“

Правила:

Сите седнати еден до друг, првиот во редот му шепнува еден збор на тој до него, а тој, пак го пренесува на следниот онака како што го слушнал. Зборот се пренесува сè до последното детенце кое треба на глас да го каже зборот што го слушнал.

Речиси никогаш или многу ретко се случувало последниот збор да биде вистинскиот, односно оној што бил прво кажан. Најчесто е тотално смешен, нелогичен и неразбирлив, па тоа предизвикува општа смеа и забава.


„На буквата, на буквата...“

Правила:

Еден од групата одбира предмет во собата или на местото каде се наоѓаат и ја кажува само првата буква од поимот. Останатите треба да погодуваат и да набројуваат сè што гледаат околу себе, а што почнува на таа буква, додека не го погодат. Откако некој ќе го погоди предметот, тој замислува предмет и ја кажува првата буква.

Игра која ги поттикнува децата на размислување, логика и учење нови поими и предмети кои ги распознаваат во околината.

omileni-detski-igri-ste-igrale-rasipan-telefon-strkot-bara-boja-3

„Штркот бара боја“

Правила:

Се собира група од деца на поголем празен простор, на отворено, еден се пријавува дека ќе биде штрк кој ја бара омилената боја. Сите кои се во играта во еден глас извикуваат: „Штркот бара боја, погоди која!“ Тогаш она дете кое го глуми штркот ја извикува омилената боја, а сите останати почнуваат да трчаат и да бараат каков било предмет со таа боја. Оној кој нема да успее да најде, штркот ќе го фати и излегува од игра.

На овој начин децата ги учеа боите и се забавуваа измислувајќи бои како: ќерамидеста, бетонска, кожна, земјена, цвеќеста... а всушност се асоцираа од околината и предметите.


„Врти шише“

Правила:

Седнуваат момчиња и девојчиња во круг, едни спроти други, а на средина ставаат пластично шише кое го вртат и со двата краја треба да покаже во правец на едно момче и едно девојче кои треба да се бакнат.

Омилена игра на децата кои имаат симпатии меѓу другарчињата и едвај го чекаат првиот срамежлив бакнеж.


„Брзо фото“

Правила:

Едно од децата треба да биде градско фото и да вика на цел глас: „Слики, апарат, во целиот град, апарат се отвори, сликите се готови!“ За тоа време тоа мижи, а сите други деца се претвораат во нешто замислено и застануваат во поза на жаба, мачка, принц, вештерка...како така да се сликале. Штом застанат сите,детето кое го глуми брзото фото треба да погоди во што се претворени.

Игра која ја развива детската фантазија и способноста за глума и имитација.

omileni-detski-igri-ste-igrale-rasipan-telefon-strkot-bara-boja-1

Би можело да ве интересира:

„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
„Не истурај го гневот врз родителите, не труди се да им се допаднеш на сите“ – Што би ѝ порачала на ... Немој по секоја цена да се менуваш за да им се допаднеш на другите. Ќе сфат...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg