Жена добила плик од тотален странец: Нема да ви се верува што имало внатре

Едно утро Џинџер се разбудила од ѕвончето на нејзината врата, најпрво го игнорирала, а потоа станала и ја отворила вратата. Tаму стоел еден постар господин...

zena-dobila-plik-od-totalen-stranec-nema-da-vi-se-veruva-sto-imalo-vnatre-2

„Дали сте вие Карен?”- прашал господинот.

Таа му одговорила дека не е, но Карен било името на нејзината мајка. Господинот се насмевнал и на Џинџер и предал плик, а потоа само си заминал не кажувајќи ништо.

Откога го отворила пликот, Џинџер била толку шокирана што морала да седне на под.

Во писмото го пишувало следново:

„Ве молам прифатете го овој подарок како чин на случајна добрина.

zena-dobila-plik-od-totalen-stranec-nema-da-vi-se-veruva-sto-imalo-vnatre-1

Еден прекрасен член од нашата фамилија, потроши многу време и ресурси да им помогне на луѓето преку организацијата „Случаен чин на добрина.” Таа им даваше многу на другите и сето тоа го правеше анонимно. Сега нашата фамилија одлучи во нејзина чест и во нејзин спомен да ја продолжи оваа традиција и да им помогне на луѓето во општеството.

„Случаен чин на добрина” не подразбира само давање на пари, туку понекогаш само даваме и дел од своето време и го поминуваме со оние кои се осамени, ги слушаме нивните приказни и даваме комплименти. Најважно од сѐ е дека сето тоа го правиме без да очекуваме ништо за возврат.

Иако не ве познаваме вас лично, ниту вашата фамилија, ве замолуваме да ги потрошите овие пари за тоа што ви е најпотребно во моментов.

Но, се надеваме дека ќе размислите на кои начини можете вие да помогнете некому и да направите промена во нечиј живот и да ја продолжите оваа традиција.”

Откога го прочитала писмото, Џинџер вели дека и се јавила на својата мајка раскажувајќи и за писмото.

Овие пари дошле во најдобро време за Џинџер и нејзината мајка: „Мојата мајка веќе долги години се бори со рак и оваа борба е тешка не само психички, туку и финансиски. Луѓето кои ни го испратија овој подарок, го отстранија целиот стрес и секако ни дадоа причина за насмевка”, додава таа.

Џинџер и нејзината мајка со сигурност ќе ја продолжат традицијата на оваа прекрасна организација „Случаен чин на добрина” и ќе се обидат некому да направат промена во животот, тогаш кога таа е повеќе од потребна. 

Би можело да ве интересира:

Мајка прави совршени фотки на базен, си зборува на телефон и не ја погледнува ќеркичката што ја моли... Колку е тажно тоа. Пред неколку дена, додека бев на базен, видов млада мајк...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
Некои луѓе се чудо - знаат сè за сите, кој се скарал, кој кого оставил, кого го расипале парите Некои луѓе се навистина неверојатни… Сѐ знаат – за сите. Знаат кој се скарал, ко...
Откако станав мајка, многу работи ми се пеколно тешки, но никогаш повеќе не сум се смеела до солзи Откако станав мајка добив таков огромен товар на неочекувани обврски и незамисли...
„Некултурата на мајка во Градски парк ме разочара - Скопје мое, каде погрешивме?“ Одејќи утрово накај работа, се разминав со млада мајка која туркаше насмеано дев...
„На крајот од животот, успех не е тоа колку си имал, туку колку светлина си оставил зад себе“ „Човекот не се памети само по тоа што го направил, туку по тоа како се чувствува...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg