Мудрите зборови на Чарли Чаплин: Кога навистина почнав да се сакам себеси...

Освен што целиот свет го забавуваше и смеше со децении, Чарли Чаплин му подари доста мудри приказни. Ова е една од највредните.

mudrite-zborovi-na-carli-caplin-koga-navistina-pocnav-da-se-sakam-sebesi-1.jpg

Кога навистина започнав да се сакам себеси сфатив дека болката и емоционалното патење се само предупредувања кои ми велат дека моментално живеам спротивно од своите верувања. Денес знам дека тоа се вика веродостојност.

Кога навистина започнав да се сакам себеси, сфатив колку можам да бидам убедлив и да ги наговорам другите да го прават она што јас го сакам, колку и да не е вистинскиот момент. Денес, тоа го нарекувам почитување.

Кога навистина започнав да се сакам себеси, престанав да го посакувам туѓиот живот и можев да сфатам дека сè што ме опкружуваше беше предизвик за да растам и да се развивам. Денес, тоа го викам зрелост.

Кога навистина започнав да се сакам себеси, сфатив дека под било кои околности секогаш сум на вистинското време, на вистинското место и дека сè се случува во вистинскиот момент. Така станав многу посмирен. Денес, тоа го нарекувам самодоверба.

Кога навистина започнав да се сакам себеси, престанав да си го крадам времето и да правам грандиозни планови за во иднина. Денес го правам она што го сакам и што ми носи среќа. Ги правам работите кои сакам да ги прават и кои го радуваат моето срце. Денес, тоа го нарекувам едноставност.

Кога навистина започнав да се сакам себеси се ослободив од сè што не беше здраво за мене – од храна, до луѓе, предмети и ситуации кои ме влечеа кон дното. На почетокот го сметав за егоизам, но денес знам дека тоа е љубов кон самиот себеси.

mudrite-zborovi-na-carli-caplin-koga-navistina-pocnav-da-se-sakam-sebesi-2.jpg

Кога навистина започнав да се сакам, престанав да посакувам постојано да бидам во право, а така многу помалку грешев. Денес сфатив дека тоа се нарекува скромност.

Кога навистина започнав да се сакам себеси, се одреков од навиките да живеам во минатото или да се грижам за мојата иднина. Сега живеам во моментот во кој се случуваат работите. Така секој ден го живеам со полни гради и тоа го нарекувам исполнување.

Кога навистина започнав да се сакам себеси, открив дека само мојот ум може да ме поремети и дека само од мислите можам да се разболам. А штом започнав да го користам своето срце, мојот ум доби драгоцен сојузник. Денес оваа врска ја нарекувам мудроста на срцето.

Нема потреба да се плашиме од кавги, соочувања и било какви проблеми, затоа што понекогаш и ѕвездите се судираат, па од тој судар настануваат некои нови светови.

Денес научив дека тоа се нарекува живот!

Би можело да ве интересира:

„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...
Не беше тука за мене, ама можам само да ти кажам – благодарам што ме остави сама... Не беше тука за мене кога се плашев, но можам само да ти кажам благодарам што ме...
Александра П. Илиевска за CRNOBELO лексикон: „Си го прифатив носот кој долго планирав да го оперирам... „Додека носев шишки ме прашаа кое тенџере е примерокот по кој ме шиша фризерот“,...
Си уплатив СПА во Скопје и уживав без мобилен и вознемирување - Сум заслужила Работам од мојата 17 година, фала му на Бога заработувам солидно - зошто да не м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg