Работи кои треба да ги пуштиме за да живееме среќно

Секоја Нова Година си правиме листа од работи кои сакаме да ги промениме во нашиот живот, за да живееме среќно, исполнето и задоволно.

promenete-go-svojot-zivot-20-raboti-koi-morate-da-gi-pustite-za-da-ziveeme-srekjno-1

Па пред самиот крај на годината во вашата листа од желби, додајте ги и овие 20 работи кои морате да ги пуштите во текот на 2015-тата година или барем да се обидете да го сторите тоа.

Променете го својот живот на подобро:

1. Пуштете ја приврзаноста - Според будистичката филозофија, приврзаноста е корен на сите проблеми. Имаме навика да се приврзуваме дури и за најбанални работи, а тоа често ни создава илузија и нѐ спречува кон остварување на целите.

2. Пуштете го чувството на вина - Кривицата нема никаква функција, таа единствено ве држи во затворот на тагата.

3. Пуштете го негативното размислување - Песимистичките мисли и негативните ставови влијаат негативно врз сѐ што правите. Запомнете дека мислите влијаат врз светот околу нас.

4. Пуштете ја самокритиката - Иако често се критикуваме себеси со најдобра намера, односно за да се подобриме, сепак некогаш ја преминуваме границата. Бидете благи и нежни кон себе.

5. Пуштете ги предрасудите - Тие ве прават огорчени и ви оневозможуваат да се поврзете со останатите луѓе.

6. Пуштете го присилното размислување - Ако цврсто се држите за нешто без некоја посебна причина, време е за искрено размислување.

7. Пуштете ја потребата од туѓите одобрувања - Имаме навика да бараме одобрување од другите, а тоа лошо влијае врз нашата самодоверба и интегритет.

8. Пуштете ги ограничувањата - Повеќето наши граници самите си ги наметнуваме. Животот не смислува граници, затоа пуштете ги оние кои ги ограничуваат вашите можности.

9. Пуштете ги замерките - Истражувањата покажуваат дека постои поврзаност помеѓу болестите на срцето и емоциите како лутење и замерување.

10. Пуштете го ставот„почнувам од утре”- Направете барем мал дел од работата денес, бидејќи одложувањето на работите ве спречува во извршување на важни задачи.

promenete-go-svojot-zivot-20-raboti-koi-morate-da-gi-pustite-za-da-ziveeme-srekjno-2

11. Пуштете ги загрижените мисли - Тие настануваат како резултат на стравот од непознатото и несигурноста во врска со иднината.

12. Пуштете ги љубовните рани - Запрашајте се, дали таа болка навистина е резултат од љубовта, или од идејата за губење која ја имате во главата?

13. Пуштете ги лошите спомени - Понекогаш се сеќаваме на непријатни работи и истите во нас ја будат тагата. Чувството на тага негативно влијае врз нашата сегашност.

14. Пуштете ги непотребните предмети - Приврзани сме и за работи од сите видови. Во животот си правиме неред од непотребни предмети, па затоа пуштете ги и поедноставете си ја средината.

15. Пуштете го лошото друштво - Ако околу себе имате неискрени, љубоморни, песимистички луѓе - дистанцирајте се од нив.

16. Пуштете ја идејата дека вие сте резултат на сопственото минато - Тоа ви го ограничува погледот кон иднината, бидејќи живеете уверени дека иднината може да биде иста како и минатото.

17. Пуштете ја идентификацијата со работата или другите улоги - Ова е еден голем ризик на модерното време. Како што разните улоги стануваат сѐ поспецифични, така и ние започнуваме да се однесуваме како да сме ние таа улога. Заради таквиот однос, го губиме увидот во нашата вистинска природа.

18. Пуштете ги лошите навики - Навиките се однесувања кои одново ги повторуваме, а тие нè спречуваат во корисното и продуктивното делување.

19. Пуштете го личното сфаќање на животот и работите околу вас - Многу пати ни се случува емоционално да сме вознемирени, бидејќи субјективно ги интерпретираме зборовите на луѓето.

20. Пуштете го гледањето на часовник - Времето е еден од најголемите извори на стрес. Понекогаш се чувствуваме како да сме заробени во концептот на времето, дури и кога се одмораме. Научите како да го поминувате времето без да бидете свесни за стрелките од часовникот. 

Би можело да ве интересира:

„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg