Писмо до најдобрата пријателка од која се разделив: Патиштата ни се одвоија, спомените останаа

Скоро секој има по некој најблизок пријател во животот со кого од разни причини веќе не се толку блиски, а се чинело дека никогаш нема да се разделат.

pismo-do-mojata-anjdobra-drugarka-patistata-se-razminuvaat-no-spomenite-ostanuvaat-01

Особено женските пријателства се оние кои се подраматични и во дружењето, но и во лутењето. Сепак, тие се и оние кои полесно си простуваат или посилно си недостигаат кога се разделени.

Животот често знае да ни приреди разни ситуации поради кои сакале или не, патиштата сами ни се разделуваат.

Ова е едно искрено писмо за најдобрата пријателка:

„Драга моја,

Се надевам дека ова писмо ќе допре до тебе и ќе ги разбуди твоите спомени и чувства, како што тоа ми се случи мене додека го пишував.

Се потсетив колку бевме блиски до минатата година, но разбирам дека некои работи се сменија во нашите животи. Полека и тивко ни се разделија животните патишта.

Порано постојано слушавме за тоа како се распаѓаат големи пријателства, се чудевме и никогаш не помислувавме дека истото може да ни се случи и нас.

Не можам точно да сфатам што нè оддалечи толку многу, но претпоставувам дека тоа е заради далечината и намалената комуникација, поради обврските и промените кои почнаа да ни се случуваат и без да имаме избор за прифаќање или отфрлање.

Поминуваат недели, а некогаш и месеци без да си прозбориме и да бидам искрена, понекогаш ми фалиш многу. Но, не се осмелувам да ти пишам секогаш кога помислувам на тебе, бидејќи не знам што се случува во твојот живот, што се крие зад фотографиите кои ги објавуваш на Фејсбук.

Ми фали поврзаноста која ја имавме порано, кога што и да направиш, како и да ме погледнеш, знаев што ти се случува и без да барам дополнителни информации. Те знаев како дишеш. Не можевме ништо да скриеме една од друга. Така и се штитевме.

pismo-do-mojata-anjdobra-drugarka-patistata-se-razminuvaat-no-spomenite-ostanuvaat-4.jpg

Знаев кои ти се болни точки и знаев да те спречам пред да направиш глупост, дури и кога одиш против своја волја. Не ти дозволував да направиш будала од себе, дури и во моменти кога ми беше лута и ме мразеше што те спречувам, знаев дека следниот ден ќе ми бидеш благодарна.

И ти го правеше истото за мене. Си бевме ангел – чувар една на друга, но сега се чувствувам како да го имам само едното крило.

Има милион начини за контактирање преку социјалните мрежи, но не си кажуваме ништо повеќе од „Здраво, како си?“ или некоја честитка за празници и родендени.

Често знаеме да си кажеме: „Се гледаме“... но многу ретко, речиси никогаш не го исполнуваме.

Станавме од оние чудни, лицемерни пријателства, а никогаш не бевме такви. Не сме ниту сега, иако така тоа звучи.

Сакам да знаеш дека си една од најзначајните личности во мојот живот, без разлика на сè. Со тебе ги имам најубавите спомени, бев среќна што во најважните моменти те имав покрај себе и што бев привилегирана да доживеам толку многу работи со тебе кои ме натераа да созреам, да станам похрабра, поодлучна и посреќна.

Гледам многу пријателства околу мене, но ниедно не е како нашето. Запознав многу луѓе, стекнав нови пријатели, но никој не ми е толку близок како ти. Сè уште живеам сеќавајќи се на тие моменти како најубави спомени во мојот живот.

Целта на ова писмо не е да те растажи, туку само мој начин да ти кажам како се чувствувам откако ни се разделија патиштата. Но, во исто време да ти ја пренесе мојата благодарност за целата среќа што ја доживеав имајќи те тебе како дел од мојот живот.

Среќна сум и за тебе што си ги остваруваш целите и соништата, иако тоа значи да бидеш далеку од мене.

Верувам дека во текот на животот и ти ќе запознаваш многу луѓе и пријатели, но ако во кој било момент се почувствуваш изгубено, исплашено или безвредно, ако се прашуваш што е тоа што те натерало да го напуштиш детството за да заминеш на непознато место и да ја делиш собата со странци, само за да успееш во замислата која ја имаш, не заборавај дека ти го можеш тоа.

pismo-do-mojata-anjdobra-drugarka-patistata-se-razminuvaat-no-spomenite-ostanuvaat-3.jpg

Често ќе ти биде тешко, страшно и збунувачко, но истовремено тоа е и нешто ново и убаво во твојот живот.

Знам дека си силна и дека можеш тешките работи да ги претвориш во нешто прекрасно. Дури и кога ти е тешко и ти доаѓа да врескаш, потсети се дека тоа што го сакаш вреди за сите жртви.

Јас сè уште верувам во тебе и знам дека можеш да оствариш сè што замислуваш и посакуваш, како што ти веруваше во мене додека минував низ тешки моменти.

 Благодарна сум ти за сето позитивно влијание кое го имаш во мојот живот. Заради тебе станав подобра личност и знам дека го можеш и ти истото, дури и подобро.

Не знам дали знаеш, но јас сум сигурна дека ќе успееш и светот да го освоиш.

Уште нешто сакам да знаеш, колку и да сме далеку, колку време и да не прозбориме, што и да ни се случува во животот, тука сме една за друга. Како некогаш... засекогаш!

Те сака, твојата најдобра другарка“.

Би можело да ве интересира:

Писмо до жената на која светот ѝ се руши: „Знам дека нешто лошо ти се случило, но едно запомни“ „Знам дека нешто лошо ти се случило. Но, запомни, толку многу жени пред тебе мин...
Се сеќаваш ли еднаш кога ти кажаа дека не можеш? Види се сега малечка, и тоа како можеш! Се сеќаваш ли кога ти шепотеа дека нема да можеш да минеш низ тоа, дека сигурно ...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg