9 Работи кои не ви се потребни за среќа: Чекање и одобрување од другите

За да бидете среќни ви е потребно помалку отколку што си мислите, единствено што треба да направите е да започнете да верувате дека среќата е тука за вас секој ден само треба да научите да ја цените повеќе.

9-raboti-koi-ne-vi-se-potrebni-za-srekja-1

Едно од најдобрите чувства е знаењето дека можете да бидете совршено смирени и среќни, без сите оние работи за кои мислевте дека ви се потребни.

Погледнете ја оваа листа со 9 работи кои не ви се потребни за среќа и запомнете ја еднаш засекогаш:

1. Совршени околности

Среќните луѓе не тежнеат кон одредени околности, туку живеат во околностите во кои се наоѓаат во моментот. Потребно е да научите како да го прилагодите својот став во моменталните околности. Бидете позитивни и благодарни за тоа што го имате во моментот и во секој миг од денот пронајдете нешто кое ќе ви нацрта насмевка на лицето.


2. Одобрение од луѓето

Ако живеете онака како што другите сакаат, никогаш нема вистински да уживате во животот. Не смеете да дозволите околината да одредува и одлучува наместо вас, туку тоа треба да го направите сами. Кога донесувате големи одлуки, запомнете дека ги донесувате за својот живот и дека тој е многу поважен од мислењето на другите. Живејте онака како што вие сакате!


3. Совршено минато

Никако не смеете да дозволите грешките од минатото негативно да влијаат на вашата сегашност и иднина. Оставете го минатото онаму каде што му е местото и зачекорете напред. Само затоа што минатото не ви било онакво какво што сте планирале да биде не значи дека иднината нема да биде добра.


4. Целосна контрола над животот

Животот неконтролирано се менува, а со него се менуваме и ние како личности. Секој крај е почеток на нешто ново. Запомнете дека промените се неизоставен дел од него и препуштете се...

9-raboti-koi-ne-vi-se-potrebni-za-srekja-2

5. Безгрижен живот

Големите предизвици го прават животот интересен, а искуствата го прават значаен. Немојте да чекате мирно додека сѐ не биде како што треба, бидејќи совршенство нема да добиете. Секогаш ќе се сретнете со некои предизвици, препреки и состојби кои се сѐ освен идеални. Секое искуство ќе ве направи посилни, поискусни и поуспешни.


6. Апсолутно сѐ што сакате

Уживајте во тоа што го имате, бидејќи само така ќе успеете да бидете среќни. Во ред е да посакувате повеќе, но не смеете да очајувате доколку тоа не го остварите.


7. Многу пари

Парите држете ги близу до умот, но далеку од срцето. Не смеете да си дозволите да бидете зафатени со заработување до тој степен што ќе заборавите да уживате во животот. Секако дека парите се важни, но нема да ве направат среќни. Вистинското мерило за богатство е колку ќе вредите доколку останете без пари.


8. Случувања во друго време и простор

Ценете го своето време и немојте да чекате да помине само за да дојде побрзо некој важен ден. Постои само сега, па затоа не дозволувајте да ви поминува животот без да бидете свесни за тоа.


9. Вечна среќа

Не можете да бидете среќни, ако понекогаш не сте тажни. Животот не може секогаш да биде весел, среќен и совршен и вашето расположение ќе се менува. Потребно е само да умеете како од најлошото да го забележите и извадите само она најдоброто. 

Би можело да ве интересира:

„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
Носталгија што ќе ја разберат децата од ‘90-тите - бркавме пеперутки не лајкови, омилената песна ја ... Не моравме да имаме сè за да бидеме среќни. Родителите ќе ни купеа една играчка ...
За пријателот кој за еден живот одживеа како за три наредни и беше светлина која допре сечиј живот..... Тој не „земаше“ од животот, буквално грабаше од него и секогаш ќе ми речеше „Жив...
Најважните работи што ги научив до 30+ години, живеејќи во Скопје Луѓето во Македонија се скржави за комплименти. И да сте најдобрите, најистакнат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg