Зошто мажите и жените размислуваат различно? Еве како еден маж одговара на тоа прашање

Жените се многу покомплицирани од мажите. Мажите се многу едноставни. Знаете ли зошто? Тоа е така бидејќи мозоците им се различни.

zosto-mazite-i-zenite-razmisluvaat-razlicno-eve-kako-eden-maz-odgovara-na-toa-prasanje-01.jpg

Да почнеме од мажите. Машкиот мозок е многу уникатен. Тоа што жените не можат да разберат е дека, без разлика дали имаме секс или гледаме спорт, нашиот мозок е составен од многу мали кутии. Ние имаме кутија за сè. Имаме кутија за колата. Имаме кутија за пари. Имаме кутија за работа. Имаме кутија за тебе. Имаме кутија за децата. Дури имаме и кутија за мајка ти, оставена некаде во позадина.

Ние имаме кутии насекаде. Правилото е: кутиите никогаш не смеат да се допрат.

Кога мажот дискутира за некоја определена тема, тој оди до таа определена кутија, ја вади таа кутија, ја отвара таа кутија и дискутира само за тоа што се наоѓа во таа определена кутија. И кога ќе заврши, ја затвора кутијата и ја враќа на место, внимавајќи притоа да не се допре до другите кутии.

Женскиот мозок е многу, многу, многу поразличен од машкиот. Женскиот мозок е составен од големо клопче жица. И сè е поврзано со сè. Парите се поврзани со колата и колата е поврзана со работата и децата се поврзани со мајка ти и сеемеѓусебноповзрзано. Како да станува збор за интернет, а брзината да доаѓа од енергијата наречена емоции. Тоа е причината зошто жените имаат тенденција сè да паметат.

Бидејќи ако земеш еден настан и го поврзеш со емоција, тој се врежува во твоето сеќавање и можеш засекогаш да го паметиш. Истото им се случува и на мажите но многу ретко бидејќи, најискрено... едноставно не ни е гајле. Жените сакаат да се грижат за сè. Просто го обожаваат тоа.

Ние мажите имаме една кутија за која најголемиот дел од жените не се ни свесни дека постои. Оваа определена кутија во себе не содржи ништо. Ние така и ја викаме - „кутијата ништо“. И од сите кутии, оваа кутија ни е омилена.

Штом на мажот му се укаже шанса, тој оди кај ова кутија. Затоа мажот може со часови да прави некои работи кои воопшто не бараат размислување. На пример, рибарење.

Научниците ова го имаат измерено. Пред неколку години, Универзитетот во Пенсилванија направил студија и открил дека мажите имаат способност да не мислат на апсолутно ништо, а сепак да дишат. 

Жените не го можат тоа. Нивниот ум никогаш не запира. Тие не ја разбираат „кутијата ништо“ и тоа ги полудува зошто ништо не може повеќе да изнервира и изиритира една жената од глетката како мажот не прави ништо.

Би можело да ве интересира:

„Зошто жените во брак го губат својот 'сјај' и стануваат тетки?“ Сепак, оваа „тетка“ е таа што се буди прва во домот, си легнува последна и често...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...
Александра П. Илиевска за CRNOBELO лексикон: „Си го прифатив носот кој долго планирав да го оперирам... „Додека носев шишки ме прашаа кое тенџере е примерокот по кој ме шиша фризерот“,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg